Писма до институции за недоследно спроведување на постапката за стратегиска оцена за животната средина за Националниот план за енергија и клима до 2030 година:
Како Архус Центар кој се залага за доследно спроведување на Архуската Конвенција во РСМ, а особено во делот на пристапот до информации и учеството на јавноста во одлучувањето за прашања поврзани со животната средина сакаме да известиме дека после денешната јавна расправа за НПЕК и нацрт Извештајот за стратешка оцена испративме дописи до МЖСПП и МЕ за недоследностите во врска со процедурата за организирање на јавната расправа и запазување на роковите предвидени со закон.