News
Monitoring Table 03/09/2021

Monitoring Table 03/09/2021

Табела со информации за следење

Во прилог е табелата за следење информации и постапки од животна средина објавени од  страна на институции и локална самоуправа 

Институција УРЛНасловОписЗабелешка
Министерство за транспорт и врскиhttps://bit.ly/38A1Y41Тендер за Техничка помош – ревизија на безбедноста на патиштата на локални проекти за патна инфраструктура, подготовка на упатства и обезбедување обука за општинскиот персонал, како и подобрување на безбедноста на сообраќајот за децата Заинтересираните консултантски фирми мора да ги достават своите понуди преку е-пошта (PDF верзија на англиски јазик), на или пред 29.09.2021 година, 15:30 часот. Приемот на секое изразување интерес ќе биде веднаш потврден.
Влада на РСМhttps://bit.ly/3gYFC0KПанел дискусија „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“: Основата за успешна дигитализација е поставена и вклученоста на граѓанскиот сектор и стручните лица се добредојдениКако заклучок од денешната панел дискусија „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“, истакнато е дека основата за успешно спроведување на дигитализацијата е поставена и граѓаните и стручните лица се добредојдени при координацијата во изготвувањето на стратешките планови, со насоки и анализи на општините за пристапување кон дигитализацијата, притоа водејќи сметка за приоритетите во обезбедување на е-услуги за сите граѓани подеднакво
Охридhttps://bit.ly/3zIC3TDЈавна расправа за Студенчишко БлатоМиинистерството за животна средина и просторно планирање и Општина Охрид, на 14 септември, организираат јавна расправа, по Нацрт Законот за прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Кумановоhttps://bit.ly/3yC2au9Известување за пријава на штети од пожар Се известуваат сите жители на Општина Куманово дека рокот за пријавување на материјални штети предизвикани од пожарот, кој ја зафати територијата на Општината, поточно местата: Четирце, Сопот, Табановце, Зубовце, Клечовце, Мургаш, Довезенце, Новосељане, и Бељаковце, во период од 02.08.2021 година до 11.08.2021година ќе трае уште пет (5) дена,односно заклучно со 06.09.2021 и истите можат да ја пријават  штетата на своите култура и добра до Комисија за проценка на штетиод елементарни непогоди на Општина Куманово.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3yMg2SlСе одржа јавна расправа согласно Нацрт одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачјеНа јавната расправа за Нацрт одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје, која Министерството за животна средина и просторно планирање ја одржа во соработка со општините Берово и Пехчево, беше презентирана Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Малешевските Планини и Влаина” во категоријата Заштитен предел од страна на претставниците од Македонското еколошко друштво (МЕД), изработувач на Студијата, како и текот на Постапката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје,  од страна на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како носител на реализатор на Иницијативата.
Пробиштипhttps://bit.ly/3yMg2SlСоопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 2215 и КП 2216 КО ДОБРЕВОСе известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 М\Л/ на дел од КП.6р.2215 и КП.6р.2216, КО Добрево. Јавниот увид ќе се спроведе во периодот од 03-17.09.2021. Во тој период заинтересираната јавност може да даде коментариНема информации за одржување на јавна презентација на УП. Текстуален дел од УП не е објавен, со што не е овозможен соодветен пристап до информации и учество на јавност
Пробиштипhttps://bit.ly/3BAK2TaСоопштение за спроведување на јавен увид на урбанистички проект КП 1380 КО ДОБРЕВОСе известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани, за фотонапонска електроцентрала со капацитет до 1 М\А/ на дел од КП.6р.1380 КО Добрево. Јавниот увид ќе се спроведе во периодот од 03-17.09.2021. Во тој период заинтересираната јавност може да даде коментариНема информации за одржување на јавна презентација на УП. Текстуален дел од УП не е објавен, со што не е овозможен соодветен пристап до информации и учество на јавност
Штипhttps://bit.ly/3gZhZF2објава на Б Интегрирана дозвола
Ресенhttps://bit.ly/3DNaj2oСоопштение за организрање на јавна презентација и јавна анкета по предлог план за измени и дополнувања на ДУП за УЕ2 и зона за сервиси општина Ресен – РесенЈавниот увид ќе се спроведе во периодот од 03-17.09.2021. Во тој период заинтересираната јавност може да даде коментари. Јавната презентација на ДУП ќе се спроведе на 03.09.2021Иако сооптението е изработено на 23.08, на веб страната е објавено на 01.09. Краток временски рок за известување за јавна презентација. Текстуален дел од ДУП не е ставен на веб страната, со што не е овозможен соодветен пристап до информации и учество на јавност. Нема информации за потребата од спроведување на СОЖС
Струмицаhttps://bit.ly/3kR7PaLУрбанистички проект за село – формирање на градежна парцела на дел од КП 4677/2 КО Муртино, Општина СтрумицаНа линкот, на веб страната е објавена целата содржина од Урбанистичкиот проект. Се уште не е објавено соопштение за одржување на јавна анкета и јавна презентација.
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/3zKBGaWОдржан состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024Во рамки на консултативниот процес со граѓанските организации за изработка на нов стратешки документ за соработка со и развој на граѓанското општество,на 30 август 2021 година, беше одржан онлајн состанок на Работната група за изработка на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2021-2024. Целта на состанокот беше разгледување на втората нацрт верзија на Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, во која се содржани забелешките и предлози од граѓанските организации како и препораките, доставени до 20.8.2021 година. На состанокот беше договорено, во наредниот период да се започне со широки консултации со граѓанските организации преку јавен повик на www.nvosorabotka.gov.mk и расправа во фокус групи организирани со поддршка на проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *