News
Moitoring table 14/09/2021

Moitoring table 14/09/2021

Табела со информации за следење

Во табелата се наоѓаат информации од областа на животната средина објавени од институции и општини. 

Институција УРЛНаслов Опис
Претседател на РСМhttps://bit.ly/2YUemu2Усогласен единствен пристап кон изготвување на документ за долгорочна развојна стратегија на Република Северна МакедонијаИнформација за процесот на креирање на „Националната развојна стратегија 2021-2041“. Процесот ќе биде заснован на принципите на национална сопственост, широка консултација, интегрирање на постоечките процеси за интеграција во ЕУ и Агендата 2030 и иновативност. „НРС 2021-2041“ и „МКД2030“ претставуваат единствен сеопфатен процес за долгорочно планирање, следење и надградување, во коj се и ќе продолжат да бидат вклучени претставници од сите сегменти во општеството.
Ресенhttps://bit.ly/2XhUoZQПокана за тендер Green Inter E Mobility Рокот за поднесување понуди е 04.10.2021. Сите потребни документи се дадени на линкот на веб страната на општината.
Кавадарциhttps://bit.ly/2VG0t1lИспитување на јавното мислење за ЛЕАП кој е во фаза на изработкаКако дел од процесот за изготвување на ЛОКАЛНИОТ ЕКОЛОШКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ќе бидат вклучени и граѓаните од град Кавадарци со нивното видување на еколошката моментална состојба. За тоа ќе биде спроведен анкетен прашалник. Откако ќе го потполните прашалникот испратете го на следната е-маил адреса: dilov@kavadarci.gov.mk
Одделение за соработка со невладините организацииhttps://bit.ly/2YPsioZПродолжен рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2022 годинаСе продолжува рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година до 30.9.2021 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, утврдени во Програмата за работа на Владата 2020-2024, да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2022.
Министерство за животна средина и просторно планирањеhttps://bit.ly/3nuCzROНајава на активности за отпочнување на постапка за донесување на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природатаМинистерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата. Богатството и разновидноста на природните вредности (биодиверзитетот и геодиверзитетот) се основни причини Кањонот Матка да биде рангиран како еден од најзначајните локалитети на природно наследство во државата. Нацрт законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата и другите придружни документи во наредниот период ќе бидат објавени на веб-страницата на МЖСПП и на порталот www.ener.gov.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *