News

Архус центарот во рамките на своите активности за зголемување на соработката на национално ниво и креирање на врски за соработка и унапредување на состојбата на имплементација на архуската конвенција во нашата држава потпиша меморандум за соработка со Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Меморандумот има за цел да воспостави долгорочна соработка меѓу страните потписнички за промовирање на спроведувањето на начелата и одредбите на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Конвенцијата за пристап до информации, учество на јавноста во одлучувањето и пристап до правда за прашања поврзани со животната средина. Меморандумот ќе ја поттикне и реализацијата на заеднички активности на полето на слободниот пристап до информации од јавен карактер, подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и градење на капацитети за доследна имплементација на законската регулатива.
Документот – Меморандум за соработка може да го преземете на копчето подолу