News

Monitoring table 21/12/21
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Битола | https://bit.ly/3FgLBYB | Отворена и достапна општина за граѓаните | Почнувајќи од месец jануари во Општина Битола започнува со работа канцеларија за средби на граѓаните со советниците. Секоја советничка група ќе има отворен ден во неделата за средби со граѓаните, советниците ќе бидат достапни да ги слушнат проблемите, идеите и потребите на граѓаните, кои исто така ќе можат да добијат и информации за работата на Советот на Општина Битола. Канцеларијата е дел од просториите на салата на Советот на Општина Битола и ќе биде отворена секој работен ден, | |
Валандово | https://bit.ly/3peK7se | Соопштение за организирање на јавна дебата за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор | Јавна дебата за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор ќе се одржи на 24.12.2021 во 10 часот во Дом на културата „25 мај“ – Валандово | |
Гевгелија | https://bit.ly/3yT7efh | Јавна презентација и јавна анкета за Детален-Урбанистички план, Блок 11 (11.3), општина Гевгелија | Општина Гевгелија организира јавна презентација и јавна анкета за Детален- Урбанистички план, за Блок 11 (11.3), општина Гевгелија. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи во Народниот театар, на 22.12.2021 година (среда), со почеток во 12 часот, согласно мерките за заштита од Корона вирусот. Деталниот-Урбанистички план за Блок 11 (11.3), општина Гевгелија, ќе биде изложен во просториите на Одделението за урбанизам, градежништво, архитектура и заштита на животната средина на Општина Гевгелија и јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 22.12. до 4.01.2022 година, секој работен ден од 08 до 16 часот. Исто така, објавен е и на веб-страната на Општина Гевгелија, во делот Соопштенија. | Не се дадени информации за СОЖС |
Делчево | https://bit.ly/3Fg5KOw | Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија потпишана од градоначалникот Трајковски | Иницијативата е подготвена од Фондација „Метаморфозис“ во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и е во корелација со досегашната политика на Општината за подобрување на транспарентноста и отчетноста, како алатка за борба против корупцијата и градење доверба кај граѓаните. | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3GZnoGP | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита | Назив на министерство: Министерство за труд и социјална политика. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 04.04.2021 – 17.12.2021. Одговорно лице за контакт во министерството: Софија Спасовска. SSpasovska@mtsp.gov.mk | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3sDAXrJ | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за заштита на децата | Назив на министерство: Министерство за труд и социјална политика. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 04.04.2021 – 17.12.2021. Одговорно лице за контакт во министерството: Вера Ристовска. vera.ristovska@mtsp.gov.mk | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3pgrVP4 | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за урбанистичко планирање | Назив на министерство: Министерство за транспорт и врски. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 17.12.2021 – 17.01.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: Ана Ѓорѓиоска. ana.gjorgjioska@mtc.gov.mk | |
Државен инспекторат за животна средина | https://bit.ly/3mnyfSV | Годишен План за работа на ДИЖС за 2022 | Објавен е План за работа на ДИЖС за 2022 година | |
Карпош | https://bit.ly/3J9V86n | Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Блок 8, Општина Карпош, Скопје. | Јавна презентација ќе се одржи на 13.01.2021 во 13:00 и Јавна анкета ќе се одржи од 23.12.-28.01.2022 год. по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Блок 8, Општина Карпош, Скопје | Објавен е синтезен план.Не се објавени информации за СОЖС |
Карпош | https://bit.ly/3yNDAYE | Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт Ј03, Блок 01, Општина Карпош, Скопје | Јавна презентација ќе се одржи на 13.01.2021 во 14:00 и Јавна анкета ќе се одржи од 23.12.-28.01.2022 год. по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Блок 8, Општина Карпош, Скопје | Објавен е синтезен план.Не се објавени информации за СОЖС |
Штип | https://bit.ly/3yPCOe2 | Проектна програма – фотоволтаична централа на КП 206, КП 207, КП 209, КО Чардаклија | Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична централа, Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 206, КП 207, КП 209, КО Чардаклија, Општина Штип | |
Штип | https://bit.ly/3so5SrD | Проектна програма – фотоволтаична ценрала на КП 201, КП 202, КП 203, КО Чардаклија | Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаична централа, Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 201, КП 202, КП 203, КО Чардаклија, Општина Штип | |
Центар за развој на Скопски плански регион | https://bit.ly/3mIAKQf | Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Скопски плански регион – претставник од здруженијата | Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Скопски регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас. Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 24.12.2021 година. Заинтересираните правни лица / апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик | |
Центар за развој на Источен плански регион | https://bit.ly/3ecOnCq | Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион | Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Источен плански регион.Состанокот ќе се одржи на ден 22.12.2021 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Центар за развој на Источен плански регион на адреса: ул.„Ванчо Прќе“ бр.119, кат 2, 2000 Штип. | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3eiqj0N | Проектна програма за УП за објект со намена В2 на КП бр. 54, КО Шишево-вон град, Општина Сарај | Објавена е Проектната Програма | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3J4VdrP | Проектна програма за УП вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена Г4– стоваришта, складови и отпади, Г4.1– дистрибутивен центар со складови и ТС 35КВ КО Р’жаничино, Општина Петровец | Објавена е Проектната Програма | |
ОВП Портал | https://bit.ly/3sor0y3 | Иновативните алатки за потранспарентни општини во земјава меѓу глобалните победници за Партнерство за отворена власт | Во конкуренција на повеќе од 100 апликации, заложбата за потранспарентни општини во Северна Македонија ја освои третата награда на европско ниво за влијание во подобрувањето на животот на луѓето и квалитетот на демократијата. Станува збор за група алатки кои беа креирани и ставени во функција во изминатите три години. Придонесоа за подобрување на фискалната транспарентност на локално ниво, овозможија следење во живо на седниците на 18 општини, како и директно вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки во 24 општини. Активностите беа спроведени во рамки на заложбата „Воспоставување нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“, чиј носител е Министерството за локална самоуправа. | |
Ресен | https://bit.ly/3Fh6VgN | Јавен повик за учество во партиципативно тело во процесот на урбанистичкото планирање | За пријавување на членови за учество во партиципативно тело во процесот на урбанистичкото планирање, во чијашто работа учествуваат претставници на граѓанскиот и невладиниот сектор) при урбанистичкото планирање. Рокот трае 30 дена од денот на објавување, односно до 15.01.2022 | |
Министерство за локална самоуправа | https://bit.ly/3JaFtn2 | Иновативните алатки за потранспарентни општини меѓу глобалните победници за Отворено владино партнерство | Во конкуренција на повеќе од 100 апликации, заложбата за потранспарентни општини во Северна Македонија ја освои третата награда на глобалниот Самит за Отворено владино партнерство кој од 15 до 17 декември се одржува во Сеул, Република Кореја. Станува, за влијание во подобрувањето на животот на луѓето и квалитетот на демократијата на европско ниво. Станува збор за група алатки кои беа креирани и ставени во функција во изминатите три години, а придонесоа за подобрување на фискалната транспарентност на локално ниво, овозможија следење во живо на седниците на 18 општини, како и директно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки во 24 општини. Активностите беа спроведени во рамки на заложбата „Воспоставување нови алатки за подобрување на финансиската транспарентност и отчетност на единиците на локалната самоуправа“, чиј носител е Министерството за локална самоуправа. | |
Сарај | https://bit.ly/3EebcAb | Предлог буџет за 2022 година | Сите граѓани кои се заинтересирани да дадат забелешки, сугестии или предлози за буџетот за 2022 година, можете да пишат со пополнување на формуларот подолу! Рокот до кој можете да ни пишете во врска со предлог-буџетот е 23.12.2022 (четврток). | |
Свети Николе | Gofile – Share file links quickly and easily | Соопштение за организирање на јавен увид | Јавен увид за Урбанистички Проект за инфраструктура со намена Е1.8 за каблирање на 10(20)кВ вод од постоечката ТС – Овче Поле на КП 1445/2, КО Амзабегово – вон град до постоечки бетонски столб на КП 858, КО Делисинци, Општина Свети Николе, ќе се одржи од 16.12-30.12.2021, во кој рок заинтересираните може да даваат свои коментари. Планскиот документ е објавен на веб страната | Не е даден датум за стручна расправа и информации за СОЖС постапката |
Струга | https://bit.ly/3q7Z3rm | ПРОЕКТНА ПРОГРАМА | Објавена е потврда за заверка и ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за изработка на Урбанистички прект за село со намена А-домување на КП 1925 и КП 1927 КО Боровец општина Струга |
Irina Glavinceska
0