• +38970666230
  • aarhus@mkm.mk
  • Kukushka 4a, Skopje N. Macedonia
News
Monitoring table 06/06/2022

Monitoring table 06/06/2022

Табела со информации за следење

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од  локална самоуправа.

ИнституцијаУРЛНасловОписЗабелешка
Велесhttps://bit.ly/3zjbA1nСоопштение за организирање на јавен увид на урбанистички проектЈавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на дел од КП 2026, дел од КП 2030, дел од КП 2033, дел од КП 2034, дел од КП 2032, КП 2027, КП 2031, КО Оризари вгр, Општина Велес, ќе трае 15 работни дена, од 31.05 до 14.06.2022 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk)Не се дадени информации за стручна презентација и информации за потребата од СОЖС постапка
Демир Хисарhttps://bit.ly/38SCFhbСоопштение за организирање на јавен увид на урбанистички проектЈавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е2.1-технички преглед на автомобили на КП 2762/1, м.в. Папраѓе, КО Слепче, Општина Демир Хисар, ќе трае 15 работни дена, од 01.06 до 15.06.2022 година, на службената веб страна на Општина Демир Хисар во кој рок заинтересираните може да достават коментариНе се дадени информации за стручна презентација и информации за потребата од СОЖС постапка
Демир Хисарhttps://bit.ly/3mgsA0vОдобрување на проектна програма за фотоволтаична централа во КО Сопотница за ГАСПРОМЕТСе одобрува Проектната Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.13-фотоволтаична електрана на КП бр. 1735/1, КП бр. 1735/1, КП бр. 1735/2, КП бр. 1737 и КП бр. 1738, КО Сопотница, Општина Демир Хисар.
Чаирhttps://bit.ly/3xlEFrKЈавен оглас за финансирање на проекти и активности на здруженија и фондации во Општина Чаир.На линкот е објавена пријава која треба да се пополни и достави од страна на заинтересираните здруженија на граѓани. Исто така објавен е и повикот во кој се наведени информации за достава на дополнителни документи. Рокот за достава на пријави е 10 дена од објавување на повикот, односно до 10.06.2022 година
Теарцеhttps://bit.ly/3zj6cLKОпштина Теарце објавува јавен Повик за избор на членови на Советот на МладиУсловите и критериумите кои треба да ги исполнуваат заинтересираните се наведени во повикот на линкот. Рокот за достава на пријави е од 01.06-15.06.2022 година.
Илинденhttps://bit.ly/3mj09z6Повик за членови на конститутивното Локално собрание за младиВо Собранието на млади можат да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат спроведено активности на територијата на општината кои ќе ги докажат. Секое лице кое е на возраст 15-29 години, а ги исполнува горенаведените услови, се охрабрува да аплицира. Рокот за аплицирање е до 13.06.2022, а Вашите биографии треба да ги доставите на следната е-маил адреса: ilinden@ilinden.gov.mk
Крива Паланкаhttps://bit.ly/3znrI1YСоопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација на УПВНМ за изградба на Б5.1-хотелски комплекс, А4.1-згради со апартмани и студија, А4.3 викенд куќи на КП483/1, КП483/2, КП485/8, КП485/9, КП485/10, дел од КП485/1, дел од КП487/1, дел од КП5408 КО Б`с и КО Кркља Општина Крива ПаланкаJавната анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 01.06.2022 година до 01.07.2022 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при општината Крива Паланка. Јавна презентација ќе се одржи на ден 17.06.2022 во 14:00 часот.
Кумановоhttps://bit.ly/3H021GzИзјава од инспекциски надзорИзјава на Бобан Бојковски, раководител на Одделение за инспекциски надзор во урбанистичко -градежна и комунална дејност, животна средина и угостителско- туристичка дејност во врска со пријава на граѓани за ширење на непријатна миризба во вечерните часови во Куманово
Кумановоhttps://bit.ly/3IyTxVWБарање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозволаДоставено е барање за добивање на Б-ИЕД од страна на „СОПОТ“ ДОО експорт-импорт, Скопје, Инсталација за ископ, дробење, мелење, сеење, загревање на минерални суровини. Барањето во печатена форма ќе биде достапно за заинтересираната јавност во рок од 15 дена по излегувањето на оваа објава во дневниот печат, во просториите на: Одделение за заштита на животната средина и природата во зграда на Општина Куманово. Воедно, барањето, предлог програма за подобрување, план и активности кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе бидат достапни за заинтересирана јавност на веб-страницата на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk Засегнатата јавност, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на барањето, има право да достави мислење и коментари, во писмена форма до Општина Куманово.Барањето за Б-ИЕД не е објавено на веб страната. Исто така нема датум на кој е објавено соопштението, па согласно тој датум да се одреди рокот од 30 дена за давање на коментари
Кочаниhttps://bit.ly/3zjrGrNПланска програмаПланска програма за изработка на детален урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани, општина Кочани.
Кавадарциhttps://bit.ly/3x92vWvПОВТОРНА Јавна Презентација и Јавна Анкета Повторната Јавна Презентација и Јавна Анкета по Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.2, ,,Автобуска станица” КО Кавадарци град, ќе се одржи на 06.06.2022 во 11.00 часто во Големата сала во Општина Кавадарци. Јавната анкета трае од 06.06 – 13.06.2022. Не се дадени информации за потребата од СОЖС постапка
Стругаhttps://bit.ly/3GQKRuQУрбанистички проектУрбанистички проект вон опфат на урбанистички план со класа на намена E1.13–Површински соларни и фотоволтаични електрани,за фотонапонска електро централа со капацитет до 1MW на КП бр.404/3 КО Мислешево- вгр, Општина Струга
Струмицаhttps://bit.ly/3xiRLpKЦелосен пренос на Б – Интегрирана еколошка дозвола од ИН МАК БЕТОН ДОО, Струмица на Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ, СтрумицаЦелосен пренос на Б – Интегрирана еколошка дозвола од ИН МАК БЕТОН ДОО, Струмица, со седиште на ул. Индустрија Сачево бр.1.2.17 на Друштво за производство , градежништво , трговија и услуги ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ , со седиште на ул. Ленинова бр.44 – ГТЦ Глобал/кат 3 во Струмица. Целокупната документација содржана во Дозволата за Б интегрирана еколошка дозвола и активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни на заинтересираната јавност, во Одделението за заштита на животната средина, во просториите на поранешен Дом на АРМ, секој работен ден од 08.00-16.00 часот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *