Monitoring table 26/05/2023
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | ||
---|---|---|---|---|---|
ЕНЕР | ЕНЕР I | Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи | Назив на министерство: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 18.04.2023 - 14.05.2023. Одговорно лице за контакт во министерството: Игор Деспотовски, сектор за маркетинг и квалитет на земјоделски производи, igor.despotovski@mzsv.gov.mk info@mzsv.gov.mk | ||
ЕНЕР | ЕНЕР II | Започна процесот на подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски план (2023–2026) | Стратегијата ќе послужи како механизам за поврзување и усогласување на сите досега донесени стратешки документи и законски и подзаконски решенија, кои на директен или индиректен начин целат кон подобрувањето на транспарентноста на владините институции. Со новиот текст на Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план (2023-2026) ќе се дефинираат потребните процедури и стандарди за зголемена транспарентноста и отчетност на соодветно ниво, со што ќе се овозможи и повисоко ниво на одговорност на сите јавни службеници и функционери пред граѓаните. | ||
Биро за регионален развој | Биро за регионален развој | Повик за финансирање на техничка документација | Проектот и повикот ги спроведуваат УНДП и Бирото за регионален развој. Барањата да се достават електронски на следната E-mail адреса: bmcpi@undp.mk најдоцна до 18 мај 2023 год. | ||
ОВП Портал | ОВП Портал | Одржана четврта седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година | На 20 април 2023 се одржа четвртата видео седница на Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2021-2023 година. На седницата беа разгледани, дискутирани и ставени на гласање клучни прашања за функционирањето на Советот, како номинација и избор на ко-претседател на советот од редот на граѓанските организации, разгледување на Извештајот за само-оценка за статусот на имплементација на национален акциски план за Партнерство за отворена власт (2021-2023 година), за периодот октомври 2021 – октомври 2022 година и активности во пресрет на новиот циклус на ко-креирање на шестиот акциски план за ПОВ. | ||
Министерство за локална самоуправа | Министерство за локална самоуправа I | Јавни консултации за нацрт Пакетот насоки за апликанти во рамки на Програмскиот приоритет 1 “Позелен пограничен регион“ | Заинтересираните страни се добредојдени да ги достават своите коментари, поддржани со конкретни предлози за ревизија на текстовите на документите, најдоцна до 19 мај 2023 година на: jtsipakyustendil@gmail.com | ||
Министерство за локална самоуправа | Министерство за локална самоуправа II | Јавни консултации за Водичот за примена на концепт нотата во рамки на Територијалната стратегија на Програмата, под Програмскиот приоритет 3 „Интегриран развој на прекуграничниот регион“ | Засегнатите страни се добредојдени да ги достават своите коментари, поддржани со конкретни предлози за ревизија на текстовите на документите, најдоцна до 27 април 2023 година на jtsipakyustendil@gmail.com | ||
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ I | Дневен ред на седница бр. 182 - Законодавно правна комисија | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка | ||
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ II | Дневен ред на седница бр. 19 - Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство | Предлог на закон за изменување на Законот за ловството, по скратена постапка. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка | ||
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ III | Дневен ред на седница бр. 183 - Законодавно правна комисија | Предлог на закон за изменување на Законот за ловството, по скратена постапка. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка | ||
Собрание на РСМ | Собрание на РСМ IV | Детали на седница 53 - Комисија за европски прашања | Предлогот на закон за нуспроизводи од животинско потекло (*) - Второ читање | ||
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски I | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлуката за Неспроведување на стратегиска оцена на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Е2.1 – Бензинска станица со пратечки објекти на КП 1972, КП 1975, КП 1976, КП 1977, КП 1978, КП 1979, КП 1980, КП 1981, КП 1982, КП 1983, КП 1984, КП 1985, КП 1986, КП 1987, КП 1988, КП 1989, КП 1990, КП 1991, КП 1992, КП 1993, дел од КП 5185 и дел од КП 5206 КО Табановце општина Куманово | ||
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски II | Соопштение за јавен увид | Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на 110KV кабел од ТС ФЕЦ Новаци 110/33KV до ТС Битола 2 400/110KV, КО Новаци, КО Новаци вон град, КО Биљаник Општина Новаци. Ќе трае 15 дена од 24.04-08.05 | ||
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски III | Соопштение за јавен увид | Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредуваље на земјиште со намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани (Фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 273, 281, 282, 283, 289, 377, 376/2, 376/1, КО Биљановце-вонград Општина Куманово. Ќе трае 15 дена од 25.04-09.05 | ||
Министерство за транспорт и врски | Министерство за транспорт и врски IV | Соопштение за јавен увид | Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 - Површински соларни и фотоволтаични електрани (Фото-напонски панели за произвотство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 4809, 4810, 4814, КО Куманово Општина Куманово. Ќе трае 15 дена од 25.04-09.05 | ||
Берово | Берово | ЈАВЕН ПОВИК за формирање Локално собрание на млади на Општина Берово | Рокот за пријавување е заклучно со 05.05.2023 година | ||
Боговиње | Боговиње | Стратегија за локален економски развој за Општина Боговиње за 2023-2027 година | Вашите коментари, предлози во однос на Стратегијата за локален економски развој на Општина Боговиње за 2023-2027 година можете да ги испратите на е-маил адресата: info@komunabogovine.gov.mk | ||
Битола | Битола | Драфт верзија на Стрaтегија за социјални претпријатија 2023 -2026 | Општина Битола ја објавува драфт верзијата на Стртегија за социјални претпријатија за периодот 2023 -2026. Сите дополнителни предлози може да се доставуваат најдоцна до 03.05.2023 на мејл адресата> simonajoveska132@gmail.com | ||
Велес | Велес I | Решение за одобрување на Планска прогрма | Решение за одобрување на Планска програма за изработка на УП вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.18 – Инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)кв среднонапонски подземен електричен вод за приклучок на фотволтаични електрани, КО Оризари вгр, КО Оризари, КО Велес, КО Раштани, Општина Велес | ||
Велес | Велес II | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена – за планскиот документ изработка урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Е1.13 (Фотонапонски панели за производство на ел.енергија кои се градат на земја) “Грохот 1” на дел од КП бр. 10573/1, КО Велес, Општина Велес | ||
Велес | Велес III | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена – за планскиот документ изработка урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за Е1.13 (Фотонапонски панели за производство на ел. енергија кои се градат на земја) “Свети Илија 1” на дел од КП бр. 14232/1 КО Велес, Општина Велес | ||
Велес | Велес IV | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ изработка Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Е1.13 (Фотонапонски панели за производство на ел.енергија кои се градат на земја) “Свети Илија 3” на дел од кп бр. 14232/1 КО Велес, Општина Велес | ||
Дојран | Дојран I | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Oдобрен Урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП бр. 339, КО Николиќ од УП за село Николиќ со разработка на Блок 1, 2, 3, 4, 5 и 6 КО Николиќ, Општина Дојран | ||
Дојран | Дојран II | Соопштение за јавен увид | Се става на јавен увид Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 515, дел од КП 516 и дел од КП 248/1, КО Нов Дојран вгр, Општина Дојран во рок од шеснаесет дена, почнувајќи од 25.04.2023 година до 10.05.2023 година. | ||
Гази Баба | Гази Баба I | ЈАВЕН ОГЛАС за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Гази Баба | Повикот е отворен 30 дена од објавувањето, односно до 11.5.2023 година. Деталите се наоѓаат во повикот на линкот | ||
Гази Баба | Гази Баба II | Решение за одобрување на проектна програма | Проектна програма за УПВОУП, за формирање на градежна парцела со намена: А4.3 (Семејни куќи за времен престој - викенд куќи), на КП 1993/1 и КП 1992/1 м.в.Каменица, КО Раштак, ОГБ | ||
Гази Баба | Гази Баба III | Решение за одобрување на Урбанистички проект | УП за село за формирање на ГП со намена В2.8 - детска градинка на дел од КП 171/2, КО Трубарево, согласно УПС Трубарево, со разработка на блок 8, (Одлука бр.07-3656/44 од 30.09.2014 година), ОГБ, Скопје | ||
Гази Баба | Гази Баба IV | Соопштение за јавен увид | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А1.5 – станбени куќи во состав на селско стопански двор на КП 2837 м.в. Милина нива, КО Црешево, Општина Гази Баба – Скопје, ќе трае 15 дена и тоа почнувајќи од 25.04.2023 год. до 10.05.2023 год., секој работен ден од 8,00 часот до 16.00 | ||
Ѓорче Петров | Ѓорче Петров | Проектна програма | Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г3.7 –електрана на биогориво, на КП 450/2, КО Орман вон град, Општина Ѓорче Петров | ||
Градско | Градско | Поставена новата платформа euslugi.gradsko.gov.mk! | На веб страната на општина Градско www.gradsko.gov.mk е поставена платформа за давање на услуги. Со воведување на дигитализацијата на услуги ќе се обезбедат брзи и квалитетни услуги за граѓаните без потреба за нивно физичко присуство.Нашата општина на оваа дигитална платформа ќе ги понуди следните услуги: Издавање на извод од урбанистички план; Издавање на потврда за катастарска парцела; Издавање потврда за усогласеност на Стратегијата за локален еконосмки развој; Прибирање на документи за Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на општина Градско; Издавање потврда за точна адреса, промена на улица и куќен број; Пријавување на проблем од секој аспект, каде општината има ингеренции. | ||
Дебрца | Дебрца | Известување за достапност на ПУЖССА | ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за ,, Рехабилитација на локална улица во н.м Волино Општина Дебрца” во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта. Документот е ставен на јавен увид на 20.04.2023 година официјалните веб страници на: Општина Дебрца: https://debrca.gov.mk/, ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk, МТВ: http://mtc.gov.mk/. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата. | ||
Гостивар | Гостивар I | Општина Гостивар со План за заштита на амбиенталниот воздух | На предлог на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, на 21-та седница на Советот на општина Гостивар, беше донесен Предлог-програма за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во општина Гостивар за периодот 2022-2026 година. Планот е изгласан едногласно и покрај многуте проекти и активности за зголемување на квалитетот на воздухот, ќе овозможи и креирање на катастар преку кој точно ќе се знаат причините за загадувањето на воздухот во Гостивар. Со одобрување на овој предлог, општина Гостивар за прв пат направи План за заштита на амбиенталниот воздух. | ||
Гостивар | Гостивар II | Одлука за донесување на Урбанистички План | Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација, за формирање на повеќе градежни парцели на ГП А.8.186 од ДУП за Блок 8 на град Гостивар, со намена Г4 – стоваришта, складови и отпади | ||
Гостивар | Гостивар III | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Сo што се одобрува Урбанистичкиот проект за село за формирање на градежна парцела во КП бр. 3209 - КО Форино - с. Форино ( од Општиот акт за с. Форино ), со намена А1- домување во стамбени куќи – Општина Гостивар. | ||
Гевгелија | Гевгелија I | Јавен повик за избор на изработувач на ДУП и Стручна ревизија | Понудите треба да се достават до 27.04.2023 година | ||
Гевгелија | Гевгелија II | Решение за одобрување на Урбанистички проект | УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ПАРЦЕЛИРАНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ за Г.П. број 14.2.25, КО Гевгелија од ДУП за дел одБлок 14 (14.1 и 14.2) КО Гевгелија, Општина Гевгелија | ||
Гевгелија | Гевгелија III | Јавен повик бр. 02/2023 за избор на изработувач на Урбанистички проекти за инфраструктура | Рокот за доставување понуди е заклучно со 12.05.2023 година | ||
Аеродром | Аеродром | Соопштение за јавен увид | Нацрт планот на ДУП за градска четврт И16 блок 16.03 Општина Аеродром - Скопје, плански период 2021-2026, ќе биде изложен во Урбаната заедница Бисер, бул. „Јане Сандански“ бр.70/1, ТЦ Бисер секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, од 26.04.2023 (среда) до 25.05.2023 (четврток). Јавната презентација на Нацрт ДУП за градска четврт И16 блок 16.03 Општина Аеродром - Скопје ќе се одржи во просториите на Урбаната заедница Бисер, бул. „Јане Сандански“ бр.70/1, ТЦ Бисер на 02.05.2023 год. (вторник) во 17:00 часот. | ||
Центар Жупа | Центар Жупа | Известување за достапност на ПУЖССА | Документот ,, Контролна листа на План за управување со животната средина и социјални аспекти за Проектот ,,Рехабилитација на локални улици во н.м. Коџаџик во Општина Центар Жупа,, е ставен на јавен увид на 19.04.2023 година и е достапен на следниов линк ( отвори тука). Вашите коментари / предлози или дополнувања може да ги доставите во рок од 14 дена од поставувањето на документот на Интернет страницава , на следниов Формулар ( отвори тука) | ||
Тетово | Тетово I | Решение за одобрување на Планска прогрма | Решение за одобрување на ПЛАНСКА ПРОГРАМА за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 57 57(а), КО Тетово-1,општина Тетово. | ||
Тетово | Тетово II | Решение за одобрување на Проектна програма | Решение за одобрување на ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за група на класа на намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани со моќност до 1МW (фото-напони панели за производство на енергична енергија кои се градат на земјиште) на КП.525/1, 526/1, 1304/2, 1305/2, 1306/2, 1307/2, 1308/2, 1302/2, 1303/2, 526/3, КО Голема Речица вон г.р, Општина Тетово. | ||
Тетово | Тетово III | Решение за одобрување на Проектна програма | Се одобрува ПРОЕКТНА ПРОГРАМА за Урбанистички план за формирање на градежна парцела за објект со класа на намена А4.3-семејни куќи за времен престој –викенд куќи на КП.бр.7698/1, дел од КП. бр. 7699/1, дел од КП. бр. 7699/2, дел од КП. бр. 7698/2, дел од КП. бр. 7698/3 К.О. Тетово, В.Г.Р, Општина Тетово | ||
Ново Село | Ново Село | Соопштение за форуми во заедницата – Четврта форумска сесија | Четвртата форумска сесија ќе се одржи на ден 26 Април сала, во Општина Ново село. | ||
Неготино | Неготино | ЈАВЕН ПОВИК за избор на изработувач на урбанистички проект | Понудите да се достават најдоцна до 14.05.2023г (петок) до 14,00 часот преку архивата на Општина Неготино, во плик со назнака „ НЕ ОТВАРАЈ“ и „ за ЈАВЕН ПОВИК бр.11-191/3 | ||
Град Скопје | Скопје | Јавен оглас за избор на членови на Партиципативно тело за урбанизам на Град Скопје | Рокот за пријава е до 04.05.2023 | ||
Штип | Штип | Соопштение за јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за канализациска инфраструктура за изградба на главен колектор, канализациона мрежа и пумпна станица во населбите Стар Караорман и Чардаклија, Општина Штип. Јавната анкета ќе тра 15 дена, почнувајќи од 07.04-23.04.2023 година. | ||
Илинден | Илинден I | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за плански документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градежна парцела со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на ГП 1 на дел од КП 808/2, дел од КП 808/3 и дел од КП 808/4 КО Мршевци, општина Илинден | ||
Илинден | Илинден II | Соопштение за јавен увид | Јавен увид за Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена времен престој – викенд куќа на КП бр. 969, КО Ајватовци, Општина Илинден, ќе биде објавен на веб страната на Општина Илинден во рок од 15 дена, и тоа почнувајќи од 26.04 до 10.05.2023 година. | ||
Илинден | Илинден III | Годишен извештај за постапување со отпад 2022 | Објавен е Годишен извештај за постапување со отпад 2022 | ||
Карпош | Карпош | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Детален урбанистички план Градска четврт Ј 03 Блок Ј 03.11, Општина Карпош | ||
Кавадарци | Кавадарци | Соопштение за јавен увид | Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Урбанистички план за село Ресава, КО Ресава, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци. Јавната анкета трае 24.04.2023 година до 28.04.2023 година, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.04.2023 година во 10.30 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | ||
Кочани | Кочани | Соопштение за јавен увид | Повторна јавна презентација зо Детален урбанистички план за градска четврт 14 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани, ќе се одржи на ден 25.04.2023г. со почеток во 1100 часот во салата на советот на Општина Кочани. Повторната јавнат анкета ќе трае 5 работни дена , а ќе се спроведе во периодот од 20.04.2023 год. до 27.04.2023год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови | ||
Охрид | Охрид | Соопштение за организирање на Јавна Анкета и Јавна Презентација на локална урбанистичко планска документација | СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација за ЛУПД за проект “КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ“, КО Охрид 4, Општина Охрид, со техн.бр. L3016 од октомври 2022 год. изработен од Агенција за планирање на просторот- Скопје. Јавната анкета ќе трае од 26.04.2023 – 04.05.2023 год. Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 02.05.2023 год. со почеток во 10:00 часот. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 13.00 до 15.00 часот во просториите на општина Охрид во времетраење на јавната анкета. | ||
Прилеп | Прилеп I | Соопштение За спроведување на јавен увид на Урбанистички проект | Се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за изградба на објекти со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани до 1 MW на КП 35, КО Прилеп, Општина Прилеп, со Технички број: 307-24-1/2022 изработен од Друштво за проектирање, промет и услуги „ПРОБЕЛА“ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп. Јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/ и на официјалната страна од е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 19.04.2023 до 03.05.2023 година за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 15.30 во просториите на Општина Прилеп, Сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина. | ||
Прилеп | Прилеп II | Соопштение за јавна анкета и јавна презентација за 10 села | Јавната анкета и јавната презентација по УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА 10 СЕЛА и тоа: ПЛЕТВАР, ВИТОЛИШТЕ, ШТАВИЦА, ПОДМОЛ, ТРОЈКРСТИ, КАДИНО СЕЛО, СЕЛЦЕ, КРУШЕВИЦА, ГОЛЕМ РАДОБИЛ, ЛЕНИШТА – ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Предлог Планот во просториите на Општина Прилеп. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 28.04.2023 година до 05.05.2023 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 28.04.2023 година, петок, во 12:00 часот во просториите на Општина Прилеп. | ||
Пробиштип | Пробиштип I | Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 171 и 173, КО Бучиште-општина Пробиштип. Јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежен орган го става на увид на јавноста со објавување на службената веб страна на општина Пробиштип во период од 20/04/2023 до 04/05/2023 година, за кое време може да се достават евентуални забелешки секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип. | ||
Пробиштип | Пробиштип II | Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Соопштение за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 60/2 60/10 и дел од КП 60/9, КО Бучиште-општина Пробиштип. Јавниот увид ќе трае 15 дена во електронска форма, кој надлежен орган го става на увид на јавноста со објавување на службената веб страна на општина Пробиштип во период од 27/04/2023 до 11/05/2023 за кое време може да се достават евентуални забелешки, секој работен ден од 7.30 до 15.30 ласот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип | ||
Росоман | Росоман | Одлука за не спроведување на стратегиска оценка за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Не спроведување на стратегиска оценка за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани | ||
Струмица | Струмица | Соопштение за јавна анкета и јавна презентација на Локална Урбанистичкa планска документација | Се организира јавна анкета и јавна презентација на Локална Урбанистичкa планска документација за намена A4– ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ на КП 3697/1; КП 3696/1; КП 3701; КП 3702; КП 3703; КП 3704; КП 3705; КП 3706; КП 3707 и КП 3708 КО КУКЛИШ –ВОН Г.Р ,Општина Струмица. Јавната анкета ќе трае од 04.05.2023 година до 17.05.2023 година. Јавната презентација ќе се одржи во просториите на Секторот за урбанизам, комунални работи и градежно земјиште на ул. „Ленинова“ бр.34., на ден 05.05.2023 година во 12:30 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. |
Irina Glavinceska
0