News

Sledenje_28_02_25
Facebook
LinkedIn
X
Email
Threads
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
24.02.2025 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт Националната стратегија за управување со тиња (2024-2034) ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08.30 до 16.30 часот во текот на периодот за јавен увид (254.02.2024 – 25.03.2025). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението. Распоредот на Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена се наоѓа на линкот. Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена и нацрт НСУТ може да се достават на следниот начин: електронски на следните адреси: a.karanfilova@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk, по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор за отпад). | https://bit.ly/3DkoMre | Управување со отпад | Од дадениот линк не може да се пристапи кон содржината на Нацрт Извештајот за СОЖС и Нацрт НСУТ. |
26.02.2025 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Нацрт на закон за изменување и дополнување на законот за животната средина. Цел на предлог законот: Со измените и дополнувањата во Законот за животната средина ќе овозможи спроведување на Директивата 2014/52/ЕУ, во кој се оценуваат главните обврски на носителите на проектите, учеството на надлежните органи и на јавноста, а тоа придонесува за зголемување на нивото на заштита на животната средина и човечкото здравје. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 03.02.2025 – 26.02.2025. Начин на вклучување на засегнатите страни: Барања за писмени мислења, забелешки и сугестии од засегнатите страни, Учество во работни групи формирани од страна на министерството или Владата. Најава за јавен увид и јавна расправа: Не. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР: moepp.gov.mk ener.gov.mk. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите: b.tesheva@moepp.gov.mk; k.kunovski@moepp.gov.mk. | https://bit.ly/4id9p3n | администрација и управување | Известувањето е објавено на 26.02.2025 до кога трае подготовката на законот (наместо на 03.02.2025) Не може да се најде Законот. |
25.02.2025 | Струмица | информација за јавност | Одлуките кои се донесени на 48-та седница на Советот на Општина Струмица, се наоѓаат на линкот | https://bit.ly/3XmgqWO | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Струга | Решение | Се потврдува заверка на Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена времено сместување на КП бр. 723 во КО Калишта Општина Струга | https://bit.ly/4igtO74 | Урбанистичко планирање | НЕ |
24.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | Дневен ред на 35. седница на Собранието. Предлог на одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права,полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на народниот правобранител – Второ читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија – Прво читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови – Второ читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Неразгледана. | https://bit.ly/4idVI3q | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Собрание на РСМ | информација за јавност | 2. седница на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. | https://bit.ly/41bVbIo | Воздух | НЕ |
25.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 19. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини,по скратена постапка. Разгледана | https://bit.ly/3QCLwWv | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | Дневен ред на 35. седница на Собранието. Предлог на одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права,полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на народниот правобранител – Второ читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија – Прво читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови – Второ читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Разгледана. | https://bit.ly/3F0mxKn | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 34. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа – Второ читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, по скратена постапка – Материјалот е повлечен. Разгледана. Предлог на закон за изменување на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови – Прво читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони – Прво читање. Разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка. Разгледана. | https://bit.ly/3QAzVaF | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 62. седница на Законодавно правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Разгледана. | https://bit.ly/41g2Jdr | администрација и управување | НЕ |
26.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 22. седница на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид – Прво читање. Разгледана | https://bit.ly/4hTRcHG | администрација и управување | НЕ |
26.02.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 63. седница на Законодавно правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид – Прво читање. Разгледана | https://bit.ly/4hX0hj8 | администрација и управување | НЕ |
24.02.2025 | Собрание на РСМ | Извештај | Презентиран Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница | https://bit.ly/41A648j | Енергетика | НЕ |
26.02.2025 | Охрид | Јавна расправа | Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во прилог на оваа порака во текот на периодот за јавен увид (24.02.2024 – 24.03.2025). Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е јавна презентација и расправа во Охрид, 12.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во малата сала. Ве покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации. Сите коментари може да се достават на следниот начин: електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk, по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад). | https://bit.ly/4khOEou | Управување со отпад | НЕ |
27.02.2025 | Пехчево | Соопштение | Се става на увид на јавноста Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоводен цевковод со пропратна инфраструктура од постоечка каптажа на м.в.Требомир до граница на УПВНМ Равна Река, КО Пехчево. Јавниот увид ќе трае 20 дена од објавувањето на соопштението почнувајќи од 27.02.2025 год. | https://bit.ly/4kv8g8O | Води | НЕ |
27.02.2025 | Прилеп | Соопштение | Повторена јавна презентација и јавна анкета за ДУП четврт 3 блок 3.1. Повторената јавна анкета ќе трае 14 дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 25.02.2025 до 10.03.2025, во кој рок заинтересираните граѓани може да достават свои забелешки и коментари. Повторената јавна презентација со стручно презентирање ќе се одржи на ден 27.02.2025 год. во 10 часот во просториите на Општина Прилеп. | https://bit.ly/3QDnAlT | Урбанистичко планирање | Не е објавен текстуален дел од планскиот документ. Јавната презентација е закажана на 27.02.2025 во 10:00 часот, во денот кога е објавено и соопштението. |
24.02.2025 | Радовиш | Решение | Потврда за заверка на Измена и дополнување на Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План за формирање на градежни парцели со класа на намена Е1 – инфраструктура (фотоволтаични електрани) на дел од КП-1016/1,дел од КП 1016/6, дел од КП-1016/7, дел од КП-1016/8 и дел од КП-1016/9, КО Воиславци, дел од КП-1/6 и дел од КП-1/5, КО Сулдурци, Општина Радовиш | https://bit.ly/41h0dnb | Урбанистичко планирање | НЕ |
27.02.2025 | Радовиш | Решение | Потврда за заверка на одобрен Урбанистички проект за инфраструктура ул.„Македонска“ со опфат од влез кај клучка југ до спој до ул.„Штипска“ на северозапад во Радовиш, Општина Радовиш | https://bit.ly/4ifghwz | Урбанистичко планирање | НЕ |
27.02.2025 | Ранковце | Повик | Покана за учество на заедницата со идеи и предлози за приоретизирање на проекти за финансирање во рамки на Компонентата 2.2. од ППЛП. На 3.3.2025 во 12 часот во салата на општина Ранковце ќе се одржи јавна расправа за утврдување на приоритетни предлог проекти за локалната заедница за поднесување на пријава за изразување интерес на општините за унапредување на локалните услуги и услугите во подрачја предложени од страна на заедницата во рамки на Проектот за поврзување на локалните патишта. | https://bit.ly/4ihbPxp | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Влада на РСМ | информација за јавност | 53-та седница на Владата. Точките на дневен ред се наоѓаат на линкот | https://bit.ly/3QDDAnW | администрација и управување | НЕ |
26.02.2025 | Неготино | информација за јавност | 30 вонредна седница на Советот на општина Неготино 26.02.2025 година | https://bit.ly/3XmGvW5 | администрација и управување | НЕ |
26.02.2025 | Министерство за транспорт | Одлука | Одлука за неспроведување на постапка за СОЖС за УПВОУП од државно значење за формирање на ГП4 за изградба на фотовол. електрана, КО Сушево, Општина Штип | https://bit.ly/3XkuAYJ | Просторно планирање | НЕ |
27.02.2025 | Министерство за транспорт | Одлука | Одлука за Неспроведување на УПВОУП за изградба на магистрален оптички кабел Битола – Прилеп, со намена Е1.9 (телекомуникациски вод: меѓуградски подземен телекомуникациски вод) Општина Битола, Општина Новаци, Општина Могила и општина Прилеп | https://bit.ly/4ilknDx | Просторно планирање | НЕ |
27.02.2025 | Арачиново | Јавна расправа | Јавен повик и консултација со јавноста по Нацрт Извештај за СОЖС за Урбанистички план за село Мојанци, КО Мојанци, Општина Арачиново. Консултацијата со јавноста ќе одржи на ден 24.03.2025 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во административните простории на општина Арачиново. | https://bit.ly/3F8UsQU | Урбанистичко планирање | Не е објавен Извештајот за стратегиска оцена. |
26.02.2025 | Битола | Повик | Јавен повик за предлагање на кандидати за членови во локалниот совет за волонтерство на Општина Битола. Повикот со деталите е објавен на линкот. Рокот е 7 дена од денот на објавување | https://bit.ly/3D1PzJ0 | администрација и управување | |
27.02.2025 | Боговиње | Соопштение | Соопштение за организирање на јавен увид за изработка на Урбанистички проект вон граници на урбанистички план, за израдба на објект со намена А4.3. Викенд куќи и други објекти за времено сместување, на КП 2213, КП 2215/1, дел од КП 2206, дел од КП 2215/2, дел од КП 1976, дел од КП 2208, дел од КП 2199 и дел од КП 1978, КО Урвич, Општина Боговиње. Јавниот увид ќе се спроведе со објавување на соопштението на страната на Општина Боговиње во траење од 15 дена, од 27.02-14.03.2025. | https://bit.ly/4gZYZm3 | Урбанистичко планирање | Не е објавен урбанистичкиот проект |
27.02.2025 | Валандово | информација за јавност | Четириесет и третата редовна седница на Советот на Општина Валандово, ќе се одржи на ден 27 ми февруари 2025 година (четврток) во 12:00 часот во салата за седници на Советот на Општина Валандово. Дневниот ред се наоѓа на линкот | https://bit.ly/43bNViw | администрација и управување | НЕ |
24.02.2025 | Гази Баба | Решение | Се одобрува Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран топловоден систем кон населба Железара од Т16 со стационажа 0+303,00 до Крај-спојување со постоен вреловод на стационажа 0+488,70 KO Гази Баба ОГБ Скопје | https://bit.ly/43fVtAE | Урбанистичко планирање | НЕ |
27.02.2025 | Гевгелија | Решение | Одобрен е Урбанистички Проект за инфраструктура со намена Е1.6 – канализациски инфраструктури (фекална канализација) на дел од ул.,,Васил Главинов,“ дел од ул.,,Филип Втори Македонски,“ и дел од ул.,,Ѓорѓи Пулевски,“ согласно ГУП на град Гевгелија, општина Гевгелија | https://bit.ly/3QEQaDG | Урбанистичко планирање | НЕ |
25.02.2025 | Ѓорче Петров | Документ | ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект “Реконструкција на улица 1 во Ново Село (према црква Св.Архангел Гаврил) и крак на улица 1 во Ново Село , Општина Ѓорче Петров”, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија. Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 26.02.2025 година официјалните веб страници на: Општина Ѓорче Петров: http://opstinagpetrov.gov.mk/, ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | https://bit.ly/3Xnvrb8 | Просторно планирање | НЕ |
24.02.2025 | Дебрца | информација за јавност | 43–та седница на Советот на општината Дебрца, ќе се одржи на ден 28.02.2025 година (петок), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. | https://bit.ly/3XgvIfJ | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Делчево | Соопштение | Соопштение за организирање на јавен увид на доставен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површински соларни и фотоволтаични електрани (Е-1.13) – Фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште со моќност до 1,4 MW на КП 4815, КП 4826 и КП 4829, КО Габрово вонград, Општина Делчево | https://bit.ly/3EX5wka | Урбанистичко планирање | Не е објавен урбанистичкиот проект |
25.02.2025 | Делчево | информација за јавност | 44 редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на ден 26. 02. 2025 година (среда) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево. | https://bit.ly/41LedXX | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Делчево | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена и формуларот кои се однесуваат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површинска и соларна и фотоволтаична електрани на КП 960, 961, 965, 967 и 968, КО Очипала, Општина Делчево | https://bit.ly/3Xq2paL | Урбанистичко планирање | НЕ |
27.02.2025 | Делчево | Решение | Решение со кое се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на површинска соларна и фотоволтаична електрана на КП: 960, 961, 965, 967 и 968, КО Очипала, Општина Делчево | https://bit.ly/43f5fTE | Урбанистичко планирање | НЕ |
26.02.2025 | Дојран | Решение | Одобрен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште), на КП 515, дел од КП 516 и дел од КП 248/1, КО Нов Дојран вгр, Општина Дојран | https://bit.ly/4iiU2FV | Урбанистичко планирање | НЕ |
26.02.2025 | Дојран | Решение | Одобрен Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани поставени на земјиште на КП бр.107/2 и делови од КП бр.105, 106/2 и КП бр. 260 КО Ѓопчели – општина Дојран | https://bit.ly/4iiU2FV | Урбанистичко планирање | НЕ |
24.02.2025 | Теарце | информација за јавност | Четриесет и прва седница на Советот на Општина Теарце, ќе се одржи на 27 Февруари 2025 година со почеток во 13:00 часот во Салата на Советот на Општина Теарце. | https://bit.ly/4boyLbW | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Тетово | информација за јавност | 46 Седница на Советот на Општина Тетово ќе се одржи на ден 28.02.2025 година со почеток во 10:00 часот во големата сала на Општина Тетово | https://bit.ly/4blfI1U | администрација и управување | НЕ |
27.02.2025 | Тетово | информација за јавност | Објавен е Дневен ред за 47-та свечена седница на Советот на Општина Тетово | https://bit.ly/4kmeh7u | администрација и управување | НЕ |
27.02.2025 | Аеродром | информација за јавност | На 5.3.2025 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи педесет и четвртата седница на Советот на Општината. | https://bit.ly/3Xi4O7y | администрација и управување | НЕ |
24.02.2025 | Илинден | Јавна расправа | Известување за одржување на јавна консултација за Нацрт извештај за стратегиска оценка на животна средина за Урбанистички план вон населено место за намени Г2– Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и Г4 – Стоваришта, складови и отпади, м.в. Шамак, КО Мралино, Општина Илинден | https://bit.ly/3QEhOk4 | Просторно планирање | НЕ |
26.02.2025 | Јегуновце | информација за јавност | На 13.02.2025 година се одржа четвртата форумска сесија во општина Јегуновце, во рамките на проектот ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2”. Во рамките на оваа сесија граѓаните го дадоа својот глас за проектот кој што сметаат дека е приоритетен за нивната општина, а поврзан со избраната тема на форумот – заштита на животната средина. | https://bit.ly/43iE9eq | администрација и управување | НЕ |
27.02.2025 | Чашка | информација за јавност | Објавен е видео материјал од Четириесет и осма седница на Совет на Општина Чашка | https://bit.ly/43iiqmW | администрација и управување | НЕ |
27.02.2025 | Крушево | Повик | Општина Крушево објавува Јавен повик за здруженија и фондации за користење на средства од Буџетот за 2025 година. Рокот за доставување на пријавите е 30 дена, односно до 27.03.2025 | https://bit.ly/3XnDGUq | администрација и управување | НЕ |
24.02.2025 | Крива Паланка | информација за јавност | 50-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 24.02.2025 година (понеделник) во 10.00 часот. | https://bit.ly/4igPujj | администрација и управување | НЕ |
25.02.2025 | Кратово | Соопштение | Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура Е1.8. Водови за пренос на електрична енергија – изградба на нов крак од 10 kV вод-извод села, на делница од постоечки столб до нова трафостаница во село Туралево, Општина Кратово, ќе трае 15 (петнаесет) дена во период од 26.02 – 12.03.2025 година. | https://bit.ly/41h1rPj | Урбанистичко планирање | Не е објавен урбанистичкиот проект, текстуалниот дел |
26.02.2025 | Кичево | Јавна расправа | Јавна презентација за нацрт СОЖС за нацрт Национална стратегија за управување со тиња. Ве информираме дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина, Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во прилог на оваа порака во текот на периодот за јавен увид (24.02.2024 – 24.03.2025). Јавни презентација и расправа во Кичево е на 17.03.2025, во 11.00 – 13.00 во општинската сала. Ве покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации. Сите коментари може да се достават на следниот начин: електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk и по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад). | https://bit.ly/3FbV1cE | Управување со отпад | |
27.02.2025 | Кичево | Решение | Се одобрува Урбанистички проект за инфраструктура (вон опфат на урбанистички план) – за изградба на среднонапонски подземен кабелски (10- 20 kV) вод (од ГП 01 – од УП вон опфат на урб. план за фотоволтаична електрана, до приклучна точка А3–столб) КО Челопеци, Општина Кичево. | https://bit.ly/4bmtHVi | Урбанистичко планирање | НЕ |
26.02.2025 | Карпош | Урбанистички документи | Објавена е Проектна програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Г4.1 – Отворени, полузатворени и затворени складишта за индустриска стока на КП 677, 678, 679, КО Бардовци и КП 12, 13/1, 14, 15, 16, 17, 18 и 22, КО Злокуќани, Општина Карпош – Скопје | https://bit.ly/3EV2dKr | Урбанистичко планирање | НЕ |
Maja Markoska
0