News

Monitoring 31/03/2026
Табела за следење на информации од 26 до 31.03.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 26.03.2026 | Службен весник | законски измени | Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.64 од 26.03.2026 објавени се следните прописи: Програма за основни геолошки истражувања за 2026 година | Законски измени во службен весник на РСМ бр.64 од 26.03.2026 | администрација и управување | НЕ |
| 27.03.2026 | Струга | Повик | Јавен повик за евидентирање во Регистар на здруженија на граѓани, фондации и спортски организации на територијата на Општина Струга | Јавен повик | администрација и управување | НЕ |
| 27.03.2026 | Богданци | Јавна расправа | Јавна расправа во однос на Стратегијата за климатски промени на општина Богданци 2026-2033. ПОЛИМАТ 13 како организација која го изработи овој документ во рамки на проектот „Вклучување на родовите аспекти во локалните политики од областа на климатските промени и заштита на животната средина во општина Богданци“ финансиран преку Мрежа за родово одговорно буџетирање II од Австриската агенција за развој (ADA) и Шведската меѓународна агенција за развој (Sida) ќе ја организира јавната расправа на 31.03.2026 година (вторник) од 11 часот во Дом на култура „Бранд Петрушев“ Богданци. | Јавна расправа во однос на Стратегијата за климатски промени на општина Богданци 2026-2033 | Управување со климатски промени | НЕ |
| 27.03.2026 | Службен весник | законски измени | Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.65 од 27.03.2026 објавени се следните прописи: Одлука за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина – песок и чакал на Друштвото за производство, трговија, транспорт и услуги Селекта ДООЕЛ Кавадарци на локалитетот „Брестот“ Општина Неготино | Законски измени во службен весник на РСМ бр.65 од 27.03.2026 | администрација и управување | НЕ |
| 29.03.2026 | Студеничани | информација за јавност | Се известуваат граѓаните на Општина Студеничани дека Центар за јавно здравје – Скопје има извршено анализи за да се утврди дали водата во јавните чешми на територијата на општината е за пиење или не. | Известување за извршени анализи врз водата за пиење | Води | НЕ |
| 30.03.2026 | Валандово | информација за јавност | третата вонредна седница на Советот на Општина Валандово, која ќе се одржи на ден 31 март 2026 година (вторник) во 10,00 часот, во просториите на ЕЛС на Општина Валандово. | Известуваење за трета вонредна седница на Советот на Општина Валандово | администрација и управување | НЕ |
| 30.03.2026 | Велес | Решение | Решение за одобрување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 03.01 УМ 2 согласно Детален урбанистички план за дел од населба Керамидна-Велес, Општина Велес | Решение за одобрување на Урбанистички проект | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 30.03.2026 | Крива Паланка | Соопштение | Јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Општина Крива Паланка. Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 27.03.2026 година заклучно до 17.04.2026 година. | Јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 30.03.2026 | Влада на РСМ | Јавна расправа | Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа која ќе се одржи на 7 април 2026 година (вторник) со времетраење 11:00 – 13:15 часот во Сала за состаноци, Општина Дебрца. | Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа | Природа | НЕ |
| 30.03.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа која ќе се одржи на 7 април 2026 година (вторник) со времетраење 11:00 – 13:15 часот во Сала за состаноци, Општина Дебрца. | Јавна расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа | Природа | НЕ |
| 30.03.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Во рамки на Петнаесеттиот состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за зачувување на миграторните видови диви животни (CMS COP15), што се одржува во Кампо Гранде, Федеративна Република Бразил, Комитетот на земјите членки ја усвои Регионалната стратегија за зачувување на Балканскиот рис. | Усвоена Регионалната стратегија за зачувување на Балканскиот рис | Природа | НЕ |
Irina Glavinceska
0