News

Monitoring 26/05/2026
Табела за следење на информации од 22.05.2026 до 26.05.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 22.05.2026 | Демир Хисар | информација за јавност | 9-та седница на Совет на Општина Демир Хисар ќе се одржи на ден 28.05.2026 година (четврток) со почеток во 11 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар | 9-та седница на Совет на Општина Демир Хисар | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Илинден | Решение | Потврда за одобрување на Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1-домување во станбени куќи на дел од КП10/2 КО Кадино и дел од КП1632 КО Кадино, во блок 25 согласно УПС Марино, со разработка на блок 4, 6, 9, 12, Општина Илинден | Потврда за одобрување на Урбанистички проект за село | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.05.2026 | Тетово | Соопштение | Предлог план за Предлог план за Измена и дополнување на ГУП за УБ 60, Општина Тетово, Плански период 2024-2034 ќе биде достапен за увид на стручната јавност и јавно презентиран од 08.06.2026 до 08.07.2026 год. Повторна Јавната расправа ќе се одржи на ден 15.07.2026 година во 11:00 часот во просториите на Општина Тетово. Повторна Стручна расправа ќе се одржи на ден 15.07.2026 година во 13:00 часот во просториите на Општина Тетово. Повторна Јавната анкета ќе трае 30 денови односно од 08.06.2026 до 08.07.2026 год. Повторна Јавната презентација со стручно презентирање на Нацрт план за Измена и дополнување на ДУП за УБ 60, општина Тетово, Плански период 2024-2029 ќе се одржи на ден 15/06/2026 година во 11:00. Место на излагање на планот: Општина Тетово | Предлог план за Предлог план за Измена и дополнување на ГУП | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.05.2026 | Тетово | Решение | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежна парцела ГП_3, на дел од КП 6927 и дел од КП 6928, КО Тетово-вонград, со намена А4.7-традиционални куќи за потреби на туризмот (селски, планински, езерски), Општина Тетово | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.05.2026 | Кавадарци | службен гласник | Службен гласник бр. 13 на општина Кавадарци | Службен гласник бр. 13 на општина Кавадарци | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Кочани | информација за јавност | На 28 мај 2026 година, (четврток), со почеток во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 14. седница. Дневниот ред се наоѓа на линкот | Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 14. седница | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Крива Паланка | Повик | Општина Крива Паланка со овој јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на 1 (еден) волонтер, кој ќе извршува волонтерска работа во рамките на надлежноста на општината во одделение за комунална инфраструктура и сообраќај при сектор за урбанизам, сообраќај, заштита на животна средина и комунална инфраструктура – Општина Крива Паланка. Рокот за пријавување на кандидати за волонтери во Општина Крива Паланка трае 5 дена од денот на објавување на повикот согласно на Програмата за волонтирање на Општина Крива Паланка. | Општина Крива Паланка со овој јавен повик ја објавува потребата за организирање на волонтерска работа и ангажирање на 1 (еден) волонтер | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Куманово | информација за јавност | На единаесеттата седница на Советот на Општина Куманово беа изгласани следните одлуки: Одлука за усвоен Извештај -Елаборат за висина на штети од природни непогоди и други несреќи во Општина Куманово и Усвоен Енергетски план за 2027 година, со иницијативи поднесени до Општина Куманово, согласно Законот за енергетика. | Eдинаесетта седница на Советот на Општина Куманово | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Центар за развој на Југоисточен плански регион | информација за јавност | Проектот „Зелено за добро – G4G“, кој се имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Интеррег ИПА „Грција – Северна Македонија 2021-2027“. Проектот има за цел да придонесе кон позелена и поодржлива иднина преку поттикнување на зелена мобилност, користење обновливи извори на енергија, унапредување на урбаните зелени површини и подигање на јавната свест за климатските и еколошките предизвици. | Проект „Зелено за добро – G4G“ | енергетска ефикасност | НЕ |
| 22.05.2026 | Град Скопје | информација за јавност | Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN. Состанокот претставуваше значајна можност за продолжување на дијалогот меѓу засегнатите страни, размена на искуства и заедничко креирање решенија за подобрување на урбаната мобилност во градот. Посебен фокус беше ставен на разгледување и приоритизирање на мерките за мобилност Фаза 3 согласно европската методологија за креирање на План за одржлива урбана мобилност (SUMP). | Oдржан е третиот состанок на Живата лабораторија (Living Lab) во рамки на проектот TERRAIN | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | ОВП Портал | информација за јавност | Недела на отворена власт 2026: ТВ дебата „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“ | Недела на отворена власт 2026: ТВ дебата „Отворено владеење во пракса: партнерство, учество и доверба“ | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Охрид | информација за јавност | Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година , се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“на улица „Даме Груев“. Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено дека истата не е исправна за пиење . | Се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“на улица „Даме Груев“ | Води | НЕ |
| 22.05.2026 | Радовиш | информација за јавност | Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“. Во проектот се избрани општините: Радовиш, Новаци, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Кичево, Демир Капија, Врапчиште, Росоман, Кратово и Град Скопје. На средбата беа презентирани проектните активности, насоките за соработка и следните чекори за унапредување на работата на општинските совети и локалната самоуправа. | Иницијална средба од проектот „Зајакнување на општинските совети“ | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерот за животна средина и просторно планирање, одржа прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои активно работат во областа на заштита на животната средина. Средбата е дел од заложбата за воспоставување редовен, отворен и транспарентен дијалог со граѓанскиот сектор, со цел заедничко креирање политики и решенија. | Прва координативна средба со претставници на граѓански организации кои активно работат во областа на заштита на животната средина | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна агенција, во рамки на Партнерството за енергетска ефикасност на згради (PEEB Cool) реализираше серија работилници како дел од процесот на претставување и координација на активностите за изработка на Националниот инвентар на јавни згради. | Серија работилници како дел од процесот на претставување и координација на активностите за изработка на Националниот инвентар на јавни згради | енергетска ефикасност | НЕ |
| 22.05.2026 | Национален парк Маврово | информација за јавност | Свечена церемонија за претставување на одобрените проекти ИПА 3 (IPA III CBC) Косово – Македонија 2021-2027. Националниот парк Маврово е партнер во проектот „Секој чекор е важен“ – Користење на екотуризмот за одржливо финансирање на прекуграничната заштита на животната средина и намалување на предизвиците од климатските промени. | Свечена церемонија за претставување на одобрените проекти ИПА 3 (IPA III CBC) Косово – Македонија 2021-2027 | Природа | НЕ |
| 22.05.2026 | Дирекција за радијациона сигурност | информација за јавност | Регионална работилница за радијациона и нуклеарна сигурност во Охрид. Работилницата претставуваше значајна можност за продлабочување на регионалната соработка и размена на искуства и добри практики во областа на радијационата и нуклеарната сигурност. На настанот учествуваа претставници на надлежните регулаторни тела од трите држави, кои преку презентации и дискусии ги претставија националните регулаторни рамки, клучните приоритети и актуелните предизвици со кои се соочуваат во своето работење. | Регионална работилница за радијациона и нуклеарна сигурност во Охрид | Воздух | НЕ |
| 22.05.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 22.05.2026 | Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Ректорат-Битола | информација за јавност | Долгогодишната соработка меѓу УКЛО и ПРЕДА Плус се унапреди со спојување на активности меѓу Студентскиот центар за претприемништво во рамки на Алијансата КОЛОРС и новата стартап програма на Фондацијата Green Tech Pelagonia која официјално започна на 27 јануари 2026 г. со јасна цел – поддршка на млади тимови во развој на иновативни и одржливи стартап решенија. | Долгогодишната соработка меѓу УКЛО и ПРЕДА Плус се унапреди со спојување на активности меѓу Студентскиот центар за претприемништво во рамки на Алијансата КОЛОРС и новата стартап програма на Фондацијата Green Tech Pelagonia | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Ректорат-Битола | информација за јавност | Нов проект „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“, чија цел е да ја доближи науката до пошироката јавност преку различни активности и настани во следните две години. | Нов проект „Избери наука! Градење на општеството преку истражување и иновации“ | администрација и управување | НЕ |
| 22.05.2026 | АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-Скопје | информација за јавност | Во Пехчево започнува реконструкција на општинската зграда за поголема енергетска ефикасност. Градоначалникот потпиша договор за реализација на проектот кој е дел од стратегијата за создавање „зелен град“ и унапредување на животната средина | Започнува реконструкција на општинската зграда за поголема енергетска ефикасност | енергетска ефикасност | НЕ |
Irina Glavinceska
0