News

Monitoring 30.10__02.11_2026
Табела за следење на информации од 30.10 до 02.11.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 30.10.26 | Босилово | информација за јавност | Општина Босилово, заедно со локални жители, ќе учествува на работилницата за проектот EcoConnect на 3 ноември 2026 година во 09:30 часот во Хотел „Цар Самуил“ во село Банско, за да ги сподели своите ставови и предлози за заштита на биодиверзитетот и обновување на природата. | https://short.do/GLD1h7 | Природа | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Босилово | Решение | Одобрен е Урбанистички проект за разработка на план за село за формирање градежна парцела со намена Б1 – комерцијални и деловни намени, КО Босилово, Општина Босилово | https://short.do/wAqJ1j | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Брвеница | Решение | Одобрен е Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање за градежна парцела со намена Г2.2 – ЗГРАДИ ОД ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА – Фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа, складови, топлани, генераторски станици и сл., КО. Брвеница вон град. | https://short.do/OelxMt | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Брвеница | Решение | Одобрен е Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање за градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани со максимална моќност до 1 MW, К.О. Милетино вон град, Општина Брвеница. | https://short.do/GF_Tpv | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Брвеница | Решение | Одобрен е Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање за градежна парцела со намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани со максимална моќност до 1 MW, КО Милетино вон град, Општина Брвеница | https://short.do/KhxMMZ | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Брвеница | Решение | Одобрен е Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за формирање за градежна парцела за објекти со намена А4.7 – Куќи за потребите на селскиот туризам со најмногу 3 станбени единици, КО Долно Седларце, Општина Брвеница | https://short.do/eZlr03 | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Валандово | Урбанистички документи | Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г5.1 – Одгледување на животни: штали за ситни грла – перната живина, КО Валандово, Општина Валандово | https://short.do/-pDWG5 | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Валандово | информација за јавност | 15та редовна седница на Советот на Општина Валандово ќе се одржи на ден 30ти октомври 2026 година (петок) во 13:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Валандово, на која ќе се разгледуваат кварталниот извештај за извршување на буџетот, елаборатот за штетите од невремето, финансиската помош за лекување на Филип Марковиќ, урбанистичкиот план за село Јосифово, измените на програмата за урбана опрема и широчината на заштитниот крајбрежен појас кај стопанскиот комплекс „Еурохормонес ДОО“. | https://short.do/kW6Sug | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Аеродром | Повик | Општина Аеродром ги повикува бизнис-заедницата, невладините организации и институциите да го пополнат прашалникот и да придонесат во утврдувањето на приоритетите за Стратегијата за локален економски развој 2027–2031 година. | https://short.do/4z1Gi3 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Аеродром | Документ | Објавен е Нацрт на Просторниот план на РСМ (2040) | https://short.do/wt57V3 | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Дебрца | информација за јавност | Општина Дебрца и ЈКП Дебрца информираат дека водата од водоводните системи во Волино, Горенци, Мешеишта, Оровник, Подмоље и Требеништа е здравствено исправна и безбедна за пиење, а контролата на нејзиниот квалитет ќе продолжи редовно. | https://short.do/Z19kI6 | Води | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Желино | Решение | Се одобрува УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за формирање на градежнa парцелa за изградба на објекти со класа на намена A1.1 – Куќи за домување, КО. Стримница вон гр., Општина Желино согласно УПС за село Стримница | https://short.do/_xTDbH | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Желино | Соопштение | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена Б5.1 – Хотелски комплекси, КО Седларево, општина Желино. Јавниот увид ќе биде во време од траење од 15 дена со почеток од 30.10.2026 до 14.11.2026 год. | https://short.do/D0880z | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Кривогаштани | информација за јавност | Општина Кривогаштани ќе соработува со надлежните институции и стручни лица за процена, санација и долгорочна заштита на заштитениот блатен даб, со цел да се зачува природното наследство и да се обезбеди безбедноста на посетителите. | https://short.do/u1hUpG | Заштитени подрачја | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Куманово | информација за јавност | Се одржа вториот буџетски форум на Општина Куманово, на кој граѓаните и различни локални чинители предложија приоритети за инклузивно креирање на општинскиот буџет за 2027 година. | https://short.do/m7S5uM | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Чешиново-Облешево | Урбанистички документи | Изменување и дополнување на Урбанистички план за село Облешево со разработка на Блок 16 и Блок 25, КО Облешево, општина Чешиново Облешево | https://short.do/wmX7sg | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Министерство за локална самоуправа | Повик | Министерството за локална самоуправа, Ресурсниот центар и УНДП го објавија четвртиот повик за грантови за изработка на техничка документација за инфраструктурни проекти, со вкупен ориентациски буџет до 27.092.500 денари и рок за пријавување до 30 ноември 2026 година во 16:30 часот. | https://short.do/L-R_6Q | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Министерство за транспорт | Соопштение | Јавниот увид во Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за бензинска пумпна станица со придружни и услужни објекти на патен правец (експресен пат) А1: Прилеп–Градско, делница од мост на р. Раец преку ДПЈ Дреново до ДПЈ Градско, Општина Кавадарци“ ќе трае пет дена, од 30 октомври до 3 ноември 2026 година. | https://short.do/cleBcU | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Шуто Оризари | службен гласник | Службен гласник на општина Шуто Оризари – Октомври 2026 | https://short.do/jWpQsH | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Центар за развој на Пелагониски плански регион | Одлука | За Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион ќе се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, а јавноста може да поднесе жалба против одлуката во рок од 15 дена од нејзиното објавување. | https://short.do/s8bqSC | Управување со отпад | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Центар за развој на Југозападен плански регион | Одлука | За Регионалниот план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион ќе се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, а јавноста може да поднесе жалба против одлуката во рок од 15 дена од нејзиното објавување. | https://short.do/n7cvJN | Управување со отпад | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Охрид | Решение | Општина Охрид објави решение за избор на проекти и програмски активности за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите во 2026 година. | https://short.do/dPK_xX | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Радовиш | информација за јавност | Општина Радовиш учествува во регионалниот проект EcoConnect, кој предвидува обновување на природата и следење на еколошките резултати во сливот на Радовишка Река. | https://short.do/F5Zc63 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Струга | Б Интегрирана дозвола | Општина Струга објави барање од „МИ ТРАНС“ ДООЕЛ за обновување на Б-интегрираната еколошка дозвола за сепарација и бетонска база во селата Долна Белица и Враништа, а документацијата е достапна за јавноста од 30 октомври до 16 ноември 2026 година. | https://short.do/UgU–o | Воздух | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги зголеми концесиските надоместоци, ја засили инспекциската контрола и подготвува построги финансиски гаранции за санација на рударските капацитети, со цел поодговорно и потранспарентно управување со минералните ресурси. | https://short.do/VX2jCZ | минерални суровини | Не се идентификувани |
| 30.10.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | На националниот дијалог во Скопје, министерот Муамет Хоџа истакна дека климатските обврски треба да се преточат во конкретни мерки и мерливи резултати, во рамки на подготовките за COP31. | https://short-url.cc/1HejV | Управување со климатски промени | Не се идентификувани |
| 31.10.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Претставниците на Министерството за енергетика ги споделија искуствата од регионот и ги претставија чекорите за воспоставување на националниот Фонд за енергетска ефикасност, со цел да се поттикнат инвестиции и да се подобри поддршката за граѓаните и стопанството. | https://short.do/e5Wi4s | енергетска ефикасност | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Берово | Повик | Општина Берово ги поканува сите жители на втората форумска сесија за креирање на Буџетот за 2027 година, која ќе се одржи на 4 ноември 2026 во 13:30 часот, во холот на ОСУ „Ацо Русковски“, заеднички да ги утврдат приоритетите и да придонесат кон иднината на Берово. | https://short.do/r5k5fC | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Ѓорче Петров | информација за јавност | Градоначалникот Александар Стојкоски ги претстави зелените проекти на Општина Ѓорче Петров, нагласувајќи дека енергетската ефикасност, обновливите извори и меѓуопштинската соработка се клучни за одржлив развој и поквалитетен живот. | https://short.do/dAFqfQ | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Гостивар | информација за јавност | ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопшти дека лабораториските анализи од 30 октомври потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа е безбедна за пиење и ги исполнува пропишаните стандарди. | https://short.do/57375k | Води | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Демир Капија | Повик | Општина Демир Капија ги повикува граѓаните да учествуваат во подготовката на Буџетот за 2027 година со пополнување на прашалникот. | https://short.do/r1HY2J | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Карпош | информација за јавност | Советот на Општина Карпош ќе ја одржи 20. седница на 6 ноември 2026 година во 12 часот, со расправа за измените на Буџетот за 2026 година, развојните програми за 2027 година и др. | https://short.do/551A9F | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Кривогаштани | информација за јавност | Одговор од Министерството за транспорт по барањето за подобрување на регионалните патишта Р2335 и Р2339 | https://short.do/tDctVm | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Град Скопје | Б Интегрирана дозвола | Објавено е Барање за Б-интегрирана еколошка дозвола за активност „Живинарска фарма Голден Ег – Скопје“, поднесено од ИСКЗ операторот Друштво за производство и одгледување на живина „Голден Ег“ ДООЕЛ, с. Визбегово, Скопје. | https://short.do/0nRAu6 | Воздух | не е наведен датум кога е објавено барањето |
| 02.11.26 | Ресен | службен гласник | Службен гласник на општина Ресен, број 13 | https://short.do/ubeZkc | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Струмица | службен гласник | Службен гласник на општина Струмица, број 13 | https://short.do/dDNG7h | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Струмица | Решение | Општина Струмица додели простории за времено користење во Касарната на девет здруженија и организации, врз основа на бодовите од евалуацијата на јавниот повик. | https://short.do/2L_y7L | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Струмица | Повик | Општина Струмица ги повикува деловните субјекти да го пополнат анкетниот прашалник до 4 ноември 2026 година и да придонесат во подготовката на Стратегијата за локален економски развој за 2027–2031 година. | https://short.do/fkpcnV | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Министерството за енергетика, во соработка со УНДП и партнерските институции, изработи методологија за формирање Енергетски CSIRT и проценка на сајбербезбедноста, со цел посилна заштита на критичната енергетска инфраструктура. | https://short.do/iu6Hyt | енергетска ефикасност | Не се идентификувани |
| 02.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Јавна расправа | Министерството за животна средина ги поканува граѓаните и засегнатите страни на јавните расправи за Нацрт-просторниот план до 2040 година: во Куманово на 3 ноември, а во Скопје на 11 ноември 2026 година, и ги повикува да достават мислења и предлози. | https://short-url.cc/1Hekk | Просторно планирање | Не се идентификувани |
Maja Markoska
0