вести

Monitoring_June_12_25
Monitoring Table June 12_ 2025
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 09.06.2025 | Велес | информација за јавност | Формиран новиот локален младински Совет на Општина Велес. По заокружување на целиот процес на избор и формирање на Локален младински совет во Општина Велес, Локалниот младински совет на Општина Велес ја одржа првата констутутивна седница на која членовите избраа претседател и заменик претседател. | https://tinyurl.com/3v5jrfjj | администрација и управување | НЕ |
| 09.06.2025 | Велес | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3 – Семејни куќи за времен престој – викенд куќи на КП 835, КО Отовица, Општина Велес | https://tinyurl.com/4ekz3hbf | Просторно планирање | НЕ |
| 09.06.2025 | Велес | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежни парцели со намена А4.3– семејни куќи за времен престој – викенд куќи на КП 876 КО Отовица, Општина Велес | https://tinyurl.com/4wc4k4zz | Просторно планирање | НЕ |
| 09.06.2025 | Центар | информација за јавност | 49. седница на Советот на Општина Центар-Скопје, која ќе се одржи на 13.6.2025 година /петок/, со почеток во 13.00 часот. Точка на дневен ред е точка: Предлог-одлука за донесување/недонесување на план за парцелација од Урбанистички проект со план на парцелација за Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, Општина Центар-Скопје. Останатите точки на дневен ред се наоѓаат на линкот | https://tinyurl.com/4b4h8dxa | администрација и управување | НЕ |
| 09.06.2025 | Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | Јавна расправа | Ве известуваме дека јавната расправа по Предлог-законот за земјоделство и рурален развој ќе се одржи на 12 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (големата сала на приземје), на адреса ул. Ленинова бр. 2, Скопје. | https://tinyurl.com/3nwk7afe | Земјоделство | НЕ |
| 09.06.2025 | Чешиново-Облешево | Повик | ОБЈАВА БР.1/2025 за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија. Јавното наддавање е на 15.07.2025. Повеќе информации се наоѓаат на линкот | https://tinyurl.com/nhcr3fn3 | Просторно планирање | НЕ |
| 09.06.2025 | ОВП Портал | Повик | ПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година. Продолжениот рок за поднесување на пријавите е 13 јуни 2025 година. | https://tinyurl.com/ajx5res6 | администрација и управување | НЕ |
| 09.06.2025 | Ново Село | Решение | Потврда за заверка на Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.5- Станбени куќи во состав на селски стопански двор согласно УДНМ за с. Смоларе | https://tinyurl.com/bd56z6m8 | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 09.06.2025 | Прилеп | службен гласник | Службен гласник бр. 7 од 2025. Одлуките се објавени на линкот | https://tinyurl.com/43yphhjf | администрација и управување | НЕ |
| 09.06.2025 | Ранковце | Решение | Решение за одобрување на Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на класа на намена А4.7-Куќи за потребите на селски туризам на КП 4560/3, КО Герман Општина Ранковце | https://tinyurl.com/2d544h9r | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 09.06.2025 | Студеничани | Решение | Се потврдува заверка на ПП – УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА Е1.13 – ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ, ЗА ФОТОНАПОНСКА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА СО КАПАЦИТЕТ ДО 1 МW НА КП 1027 И КП 1028, И ДЕЛОВИ ОД КП 1029, КП 1030 И КП 1031, КО ПАГАРУША И ПРИКЛУЧОК НА ПРИСТАПЕН ПАТ, ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ, | https://tinyurl.com/3aw55pne | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 10.06.2025 | Теарце | информација за јавност | Четриесет и четвртата седница на Советот на Општина Теарце ќе се одржи на 18.06 со почеток во 11 часот во салата за седници на Општина Теарце. Точките на дневен ред се наоѓаат на линкот | https://tinyurl.com/4hcc559x | администрација и управување | НЕ |
| 10.06.2025 | Прилеп | Соопштение | Јавна анкета по Урбанистички план за село Ново Лагово со разработка на Блок 5, Општина Прилеп, во период од 13.06.2025 – 20.06.2025 година од 8.30 – 15.30 часот. Јавната презентација е на 19.06.2025 година со почеток во 10:00 часот во просториите на општина Прилеп | https://tinyurl.com/jtrh5wkt | Урбанистичко планирање | Не е објавен текстуелен дел. Нема информации за потребата од СОЖС |
| 10.06.2025 | Прилеп | Соопштение | Јавна анкета по Урбанистички план за село Ново Тројаци со разработка на Блок 2, Општина Прилеп, во период од 13.06.2025 – 20.06.2025 година од 8.30 – 15.30 часот. Јавната презентација е на 19.06.2025 година со почеток во 12:00 часот во просториите на општина Прилеп | https://tinyurl.com/33ff34ej | Урбанистичко планирање | Не е објавен текстуелен дел. Нема информации за потребата од СОЖС |
| 10.06.2025 | ЕНЕР | информација за јавност | Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на Закон за јавнообвинителската служба. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 10.06.2025 – 30.06.2025. | https://tinyurl.com/3fse8sn2 | администрација и управување | НЕ |
| 10.06.2025 | Собрание на РСМ | законски измени | 28. седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Годишен извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2024 година – Доставен до пратеници. Годишен извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2024 година – Доставен до пратеници. Останатите точки се наоѓаат на линкот. | https://tinyurl.com/bdz8yfyx | администрација и управување | НЕ |
Maja Markoska
0