вести

Monitoring 24/04/2026
Табела за следење на информации од 21.04.2026 до 24.04.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 21.04.2026 | Ѓорче Петров | информација за јавност | Општина Ѓорче Петров, во соработка со ЕУ за чист воздух – проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“. Со замената на досегашниот извор на енергија и оптимизацијата на системот за греење, емисиите на загадувачки супстанции од согорување се намалуваат до 98%, што директно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на потрошувачката на енергија и унапредување на условите за престој и работа во училиштето и спортската сала. | Општина Ѓорче Петров, во соработка со ЕУ за чист воздух – проект финансиран од Европската Унија и имплементиран од UNOPS, успешно го унапреди системот за греење во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ | Воздух | НЕ |
| 21.04.2026 | Делчево | Соопштение | Јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.6 – канализациска инфраструктура, за фекална канализација со пречистителна станица во КО Стамер, Општина Делчево, кој ќе трае 15 дена, од 21.04-05.05.2026 | Јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 21.04.2026 | Кисела Вода | Урбанистички документи | Планска програма за изработка на Урбанистички план за село Драчево, Општина Кисела Вода – Скопје | Планска програма за изработка на Урбанистички план за село Драчево, Општина Кисела Вода – Скопје | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 21.04.2026 | Куманово | Решение | Се потврдува одобрување од урбанистички аспект на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за група на класа на намена е-инфраструктура Е1.13-Фотоволтаични електрани (фото- напонски панели за производство на електрична енергија) со моќност до 1MW, КП 132/1, КП 132/2, КП 132/4, КП 133 и КП 135, КО Љубодраг, Општина Куманово | Oдобрување од урбанистички аспект на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | На дописот стои датум 26.03.2026, а е објавен и евидентиран за време на тековен неделен мониторинг во Април |
| 21.04.2026 | Неготино | Повик | ПОВИК за користење на е-велосипед од општина Неготино | ПОВИК за користење на е-велосипед | енергетска ефикасност | НЕ |
| 21.04.2026 | Неготино | Повик | ПОВИК за користење на е-трицикл од општина Неготино | ПОВИК за користење на е-трицикл | енергетска ефикасност | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за транспорт | Соопштение | Јавен Увид на Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План со основна класа на намена Е1.13 – фотоволтаична електрана со градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на КП 734/1-дел, КО Биљаник, Општина Новаци | Јавен Увид на Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички План | Урбанистичко планирање | Линкот не се отвара |
| 21.04.2026 | Влада на РСМ | информација за јавност | 166-та седница на Владата. Информација за одобрување на Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на пропратна содржина Јама 6.1 и отпадна област 6.1 на патен Коридор 10Д, делница на автопат: Прилеп – Битола, локалитет „ТОПЛИЦА“, Општина Прилеп, со Предлог – одлука. Информација за одобрување на Измена и дополна на Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен коридор 10д, делница на автопат: Прилеп – Битола, Општина Прилеп, Општина Могила и Општина Битола (км 7+825.81 – км 37+072) ИЗМЕНА И ДОПОЛНА БР.2 со стационажа км 0+000-км 39+453, со Предлог – одлука | 166-та седница на Владата | администрација и управување | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година. Рок 30.04.2026 | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година | енергетска ефикасност | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | Повик | ЈАВЕН ОГЛAС за надоместување на дел од трошоците за изведба на приклучок на системот за дистрибуција на гас во РСМ или за набавка на котел на гас на извршен приклучок на системот за дистрибуција на гас во Република Северна Македонија за 2026 година. Рок 30.06.2026 | ЈАВЕН ОГЛAС за надоместување на дел од трошоците за изведба на приклучок на системот за дистрибуција на гас во РСМ или за набавка на котел на гас на извршен приклучок на системот за дистрибуција на гас во Република Северна Македонија за 2026 година | енергетска ефикасност | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Записник од Јавна расправа по Нацрт на Законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа | Записник од Јавна расправа по Нацрт на Законот за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа | Природа | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Записник од одржана Јавна расправа за СОВЖС за проектот: Изградба на Коридор 10Д, делница на Автопат: Прилеп – Битола, во општина Прилеп, општина Могила и општина Битола. Записник од јавна расправа одржана на ден 12.03.2026 во 12:00ч, одржана во Сала на Совет на општина Битола | Записник од одржана Јавна расправа за СОВЖС | Заштитени подрачја | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Записник од одржана Јавна расправа за СОВЖС за проектот: Изградба на Коридор 10Д, делница на Автопат: Прилеп – Битола, во општина Прилеп, општина Могила и општина Битола. Записник од јавна расправа одржана на ден 10.03.2026 во 12:00ч, одржана во Градската библиотека на општина Прилеп | Записник од одржана Јавна расправа за СОВЖС | Заштитени подрачја | НЕ |
| 21.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | “Construction of a high-speed railway on Corridor 10”. Известување за отпочнување на прекугранична постапка со Србија и Грција | Известување за отпочнување на прекугранична постапка со Србија и Грција | администрација и управување | НЕ |
| 21.04.2026 | ДКСК | информација за јавност | Обука на тема “Спречување на судир на интереси” | Обука на тема “Спречување на судир на интереси” | администрација и управување | НЕ |
| 21.04.2026 | ЗЕЛС | информација за јавност | Третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС на која покрај останатите точки беа омплетирани и работни тела и нивни членови, меѓу кои и Комисија за животна средина и комунални дејности, Комисија за урбанизам | Третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Босилово | Решение | Потврда за заверка на одобрен УП на КП бр.3873 КО Босилово | Потврда за заверка на одобрен УП | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Виница | Б Интегрирана дозвола | Објава на барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола на инсталација на Друштвото за производство, трговија и услуги ЈОВАНОВ ТРАНС ДООЕЛ увоз-извоз Јакимово Виница, која врши активност од областа на индустрија на минерали, односно стационарна бетонска база. Рокот за коментирање од страна на јавноста е 14 дена | Објава на барање за добивање на Б-интегрирана еколошка дозвола | Воздух | НЕ |
| 22.04.2026 | Велес | Урбанистички документи | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е 1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 12723, КО Велес, Општина Велес | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Гевгелија | информација за јавност | Прашања и одговори во врска со тендер за „Извршување на градежни работи за уредување на градски урбан парк покрај Конска река во Гевгелија“ | Прашања и одговори во врска со тендер | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Делчево | информација за јавност | 9. редовна седница на Советот на Општина Делчево ќе се одржи на 29.04.2026 (среда) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево. Дневниот ред е на следниот линк | 9. редовна седница на Советот на Општина Делчево | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Демир Капија | информација за јавност | VIII (осмата) седница на Советот на Општина Демир Капија ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (вторник) со почеток во 14:00 часот. Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Демир Капија. Дневниот ред се наоѓа на линкот | VIII (осмата) седница на Советот на Општина Демир Капија | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Зрновци | Решение | Одобрен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена А4.3- виќенд куќи и други објекти за времено сместување на КП 1605/1 и КП 1606/1 и пристапен пат во КО Мородвис, Општина Зрновци | Одобрен урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | Не се отвара линкот |
| 22.04.2026 | Кавадарци | Решение | ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.109, ГП 2.109а, ГП 2.109б, ГП 2.109в и ГП 2.109г од ДУП дел од УБ 13К „Слога“, (дел од КП бр. 13365, дел од КП бр.13291/1, дел од КП бр. 16509) КО Кавадарци, Општина Кавадарци | ПОТВРДА ЗА ОДОБРУВАЊЕ на Урбанистички проект | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Карпош | Документ | Усвоен е Едногодишниот краткорочен еколошки Акционен план за спроведување на мерки и активности, дефинирани со Локалниот Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3), за 2026 година. Инаку, преку веќе донесениот ЛЕАП 3 на Општина Карпош се идентификувани клучните проблеми поврзани со заштитата на животната средина, кои се опфатени во седум тематски области. | Едногодишниот краткорочен еколошки Акционен план за спроведување на мерки и активности, дефинирани со Локалниот Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3), за 2026 година | Природа | НЕ |
| 22.04.2026 | Куманово | информација за јавност | Советување во ЗЕЛС за членови на Совет на Општина Куманово. Целта на советувањето е да се обезбеди што поефикасна и одговорна реализација на обврските што ги имаат општинските советници, во рамките на спроведување на надлежностите на локално ниво. Активностите ќе се реализираат во согласност со акцискиот план на ЗЕЛС за 2026 година, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – фаза 2“, кој го спроведува УНДП. | Советување во ЗЕЛС за членови на Совет на Општина Куманово | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Куманово | информација за јавност | На 27 април 2026 година (понеделник) во кружната сала на зграда на поранешни општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи деветтата седница на Советот на Општина Куманово. Дневниот ред се наоѓа на линкот | Деветтата седница на Советот на Општина Куманово | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Куманово | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2026 година, кој трае до исцрпување на средствата но, не покасно од 30.11.2026 | ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за приклучок на гасификациона мрежа на подрачјето за граѓаните на Општина Куманово за 2026 година | Енергетика | НЕ |
| 22.04.2026 | Неготино | Соопштение | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8–водови за пренос на електрична енергија, Нов 10(20) kV кабелски вод низ (КО Неготино и КО Дуброво) –Општина Неготино, ќе трае 15 дена започнувајќи од 23.04.2026 до 07.05.2026 година. | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Новаци | информација за јавност | Согласно Планот за ревегетација, изработен во рамки на проектот „Reconstruction of a part of the street network for v. Novaci“, Општина Новаци заедно со ЈКП „Комунална хигиена“ спроведе акција за повторно озеленување на просторот по завршување на градежните работи на улица 1 и улица 2 во непосредна близина на Индустриската зона во Новаци. | Спроведена акција за повторно озеленување на просторот | Шумарство | НЕ |
| 22.04.2026 | Охрид | информација за јавност | Деветтата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на ден 28.04.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. Дневниот ред се наоѓа на линкот | Деветтата седница на Советот на општина Охрид | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Прилеп | информација за јавност | Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата во населените места: Лок.в.с.Ерековци–Кочоски Пецо и во Лок.в.с.Канатларци– бензинска, на основа на извршените испитувања и стручната анализа примероците ОДГОВАРААТ за употреба, но мора редовно да се хлорира и количината на резидуален хлор во мрежата да се движи во границите од 0,2-0,5мг./л вода. | Известување за техничка исправност на вода за пиење | Води | НЕ |
| 22.04.2026 | Струмица | Урбанистички документи | Урбанистички проект за разработување урбанистички план за село за формирање градежна парцела со намена А1.5 – станбена куќа во состав на селско-стопански двор на дел од КП бр. 878, КO Попчево, општина Струмица | Урбанистички проект за разработување урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Струмица | Урбанистички документи | Урбанистички проект за разработување урбанистички план за село за дефинирање градежна парцела со намена А1.5 -куќи во состав на селски стопански двор на КП 606, КО Баница, општина Струмица | Урбанистички проект за разработување урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Струмица | Урбанистички документи | Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште за ГП 3.21 од ДУП за дел од У.Е.2, Урбан блок 19,Општина Струмица | Урбанистички проект за парцелирано градежно земјиште | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Струмица | Урбанистички документи | Урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.8-Инфраструктури за пренос на електрична енергија за 10(20)kV кабел за приклучок на трафостаници 10(20)/0,4 kV за фотонапонска централа на 110/10 kV трафостаница Струмица 1 КО СТРУМИЦА,Општина Струмица | Урбанистички проект за инфраструктура со намена | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 22.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 98. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка | 98. седница на Собранието | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Министерство за односи меѓу заедниците | информација за јавност | Отпочнува изработката на „Стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032“ со Акциски план | Отпочнува изработката на „Стратегијата за развој на интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032“ со Акциски план | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Министерство за култура и туризам | Јавна расправа | Во функција на овозможување учество на поголем број уметници, културни работници, претставници на институциите и невладиниот сектор на јавната расправа по Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, Ве информираме дека јавната расправа по овој стратешки документ се презакажува за 11 мај во 10:00 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност. | Јавна расправа по Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 годинаa.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/izvestuvanje-za-promena-na-datumot-i-mestoto-na-javnata-rasprava-po-nacrt-tekstot-na-nacionalnata-strategija-za-razvoj-na-kulturata-za-periodot-2026-2030-godina | администрација и управување | НЕ |
| 22.04.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење://vodovod-skopje.com.mk/mk-MK/article/11807 | Води | НЕ |
| 23.04.2026 | Брвеница | Решение | Се одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела за објекти со класа на намена А4.7 – Куќи за потребите на селскиот туризам со најмногу 3 станбени единици на КП. бр. 47/1, КО Долно Седларце, Општина Брвеница, | Се одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Брвеница | Решение | Се одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена А4.7 – Куќа за развој на селски туризам, на КП. 3570, КО: Челопек вон гр., Општина Брвеница, | Се одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Виница | Урбанистички документи | Донесување на Изменување и дополнување на дел од ДУП за БЛОК 4 – Виница, плански опфат помеѓу: граница на плански опфат на ГУП, дел од ул.2003, дел од ул. 2002 , дел од ул. 103 и дел од ул.101 – Виница | Изменување и дополнување на дел од ДУП за БЛОК 4 – Виница | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Гази Баба | Решение | Се одобрува Измена и дополна на Проект за инфраструктура за фекална канализација во с.Смилковци – Општина Гази Баба КО Црешево, Општина Гази Баба | Измена и дополна на Проект за инфраструктура за фекална канализација во с.Смилковци – Општина Гази Баба | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Гази Баба | Решение | Се одобрува Детален урбанистички план за градска четврт СИ 08, Блок 07 Општина Гази Баба, Скопје | Се одобрува Детален урбанистички план за градска четврт | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Кичево | Повик | Јавен повик за доделување на потврда/ ваучер за купување и вградување високoефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2026 година. Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето заклучно со 31 –ви август 2026 година и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“. | Јавен повик за доделување на потврда/ ваучер за купување и вградување високoефикасни инвертер клима уреди во домаќинствата за 2026 година | енергетска ефикасност | НЕ |
| 23.04.2026 | Кичево | информација за јавност | 9-та седница на Советот на Општина Кичево која ќе се одржи на ден 24.04.2026 година во салата на Советот на Општина Кичево со почеток во 10:30 часот. Дневниот ред се наоѓа на линкот | 9-та седница на Советот на Општина Кичево | администрација и управување | НЕ |
| 23.04.2026 | Крушево | Соопштение | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на објекти со намена E 1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) до 1 MW на КП 2228, КП 2229, КП 2230 и КП 2153, КО Крушево вон град, општина Крушево, ќе трае 15 денови, почнувајќи од почнувајќи од 24.04.2026 година до 08.05.2026 годинa. | Јавен увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Липково | Решение | Одобрување на проектот за урбанистичко планирање за селото за формирање на градежна парцела од дел од КП бр.1739/1, 1739/3 и 1735/1, КО Слупчане, за изградба на зграда со намена А1-Станбена куќа. | Одобрување на проектот за урбанистичко планирање за селото за формирање на градежна парцела | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Министерство за транспорт | Одлука | Одлука за неспроведување на СЕА за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13 на КП 1686/3,321,327, 328,329,330,331,332/2, 333/2,334/2,335, 336,337,338/3,339,340,341/2, 342 и 343/3, КО Љуботен, Општина Штип | Одлука за неспроведување на СЕА за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Просторно планирање | НЕ |
| 23.04.2026 | Ресен | информација за јавност | 10-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.04.2026 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен. | 10-та седница на Советот на Општина Ресен | администрација и управување | НЕ |
| 23.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 49. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, со амандмани | 49. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика | администрација и управување | НЕ |
| 23.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 57. седница на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Предлог на закон за изменување на Законот за внатрешната пловидба, по скратена постапка – | 57. седница на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање | администрација и управување | НЕ |
| 23.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 163. седница на Законодавно-правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка со амандмани | 163. седница на Законодавно-правна комисија | администрација и управување | НЕ |
| 24.04.2026 | Пробиштип | информација за јавност | 10-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип (30.04.2026 година, 11:00). Дневниот ред се наоѓа на линкот | 10-та редовна седница на Советот на општина Пробиштип | администрација и управување | НЕ |
Irina Glavinceska
0