• +38970666230
  • aarhus@mkm.mk
  • Kukushka 4a, Skopje N. Macedonia
вести
Monitoring 13.03.2026

Monitoring 13.03.2026

Табела за следење на информации од 10 до 13.03.2026

Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа. 

Датум Име на институција Вид на објава еа врска до објавата URLОбласт Идентификувани неправилности
10.03.2026БрвеницаРешениеСе одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена E1.8 – Средно-напонски електричен кабел – СН 20KV, за приклучок на ФВЦ Д-Солар, од новопланирана ТС 20(10)/0,4 до столбно место на постоечки надземен СН 20KV вод, КО Стенче, општина Брвеница, Решение за проектна програма заизработка на Урбанистички проек вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
11.03.2026Делчевоинформација за јавност Меѓуопштинската соработка е значајна алатка за надминување на предизвиците на општините. Зајакнувањето на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа беше тема на работилницата во организација на СИГМА и Министерството за локална самоуправа. Фокусот на сесиите беше ставен на развој на нови и унапредени механизми и политики за зајакнување на меѓуопштинската соработка, анализа на добри практики од национално и меѓународно ниво, како и разгледување можни измени и дополнувања на правната рамка, врз основа на досегашните искуства и идентификуваните предизвици.Работилница за меѓуопштинска соработка администрација и управување НЕ
11.03.2026КавадарциПовикОдобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за изградба до 10/20 KV електричен кабелски подземен вод, со намена Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија, на КП 3207, дел од КП 2859/1 – дел од КП 3208 -Дел, КП 2860/1 – дел, КП 3183/3 – дел и КП 2892 – дел, КО Сопот, Општина КавадарциОдобрување на Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
11.03.2026Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанствозаконски измени Усвоен е Законот за органско земјоделско производство. Овој закон создава модерна и појасна рамка за развој на органското производство, зајакнувајќи го системот на контрола и транспарентноста на пазарот. Законот предвидува и поголема поддршка за земјоделците, особено за малите производители и семејните земјоделски стопанства кои се занимаваат со земјоделско производство. Со усвојувањето на овој закон се отвораат нови можности за зголемување на квалитетот на домашните производи, зајакнување на довербата на потрошувачите и проширување на потенцијалот за извоз на европскиот пазар. Ова претставува значаен чекор кон одржлив развој на земјоделството и промоција на органските производи во државата.

Законски измени за органско земјоделско производствоЗемјоделство НЕ
11.03.2026Чучер-Сандевоинформација за јавност Нова пречистителна станица во Кучевишка Бара! Започнуваме реализација на нова пречистителна станица во населбата на Кучевишка Бара, која ќе го реши проблемот со третманот на отпадните води на овој дел од општината.Нова прочистителна станица во Кучевишка БараВоди НЕ
11.03.2026Министерство за локална самоуправаинформација за јавност Се одржа работилница „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, организирана од СИГМА и Министерството за локална самоуправаРаботилница „Од политика до практика: Зајакннување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа„администрација и управување НЕ
11.03.2026Министерство за локална самоуправаинформација за јавност Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка овозможуваме стандардизација и унапредување на локалните услуги. Испорака на висококвалитни локални услуги е право на граѓаните од секоја општина, а наша обврска како Влада и Министерство е да создадеме законски и институционални предуслови за остварување на истото, истакна државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во рамки на презентацијата на тековните активности на министерството во областа на меѓуопштинска соработка, на денешната практична работилница.Зајакнување на меѓуопштинска соработкаадминистрација и управување НЕ
11.03.2026РанковцеИзвештајГодишен извештај за еднакви можностиГодишен извештај за еднакви можностиадминистрација и управување НЕ
11.03.2026Собрание на РСМинформација за јавност Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава за 2025 годинаПрезентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава за 2025 г.администрација и управување НЕ
11.03.2026Собрание на РСМзаконски измени 17. седница на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка17 седница на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанствоадминистрација и управување НЕ
11.03.2026Службен весникзаконски измени Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.51 од 10.03.2026 објавени се следните прописи: Закон за изменување и дополнување на Законот за градење; Закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиштеЗаконски измени во Службен весник на РСМ бр.51 од 10.03.2026администрација и управување НЕ
12.03.2026БрвеницаРешениеСе одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на КП. бр. 601 и 601/3, КО Брвеница-вон град во општина Брвеница со намена Г2.2 – ЗГРАДИ ОД ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА –Фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа, складови, топлани, генераторски станици и сл, Одобрување на Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички планУрбанистичко планирање НЕ
12.03.2026Делчевоинформација за јавност Советот на Општина Делчево на денешната Седница со Заклучок кој беше ставен на Седницата на барање на градоначалникот Гоцевски, го осуди ширењето континуирани лаги и инсинуации и континуирани обиди за ширење паника кај граѓаните на Општина Делчево, а во врска со намерата на одреден деловен субјект за воспоставување постојка за стерилизација на медицински отпад.Заклучок од седница на советот на Општина Делчевоадминистрација и управување НЕ
12.03.2026ИлинденРешениеОпштина Илинден, заедно со Иницијативниот одбор за млади, објавува повик за членови на конститутивното Локално собрание за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Ги охрабруваме сите лица кои се на возраст од 15 до 29 години и ги исполнува горенаведените услови да ги испратат своите Биографии на официјалната електронска пошта на Општина Илинден (ilinden@ilinden.gov.mk). Рокот за аплицирање е до 26.03.2026 година.Повик за членови на конститутативното локално собрание за младиадминистрација и управување НЕ
12.03.2026КавадарциСоопштение Организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета По Урбанистички план за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци. Повторната јавна анкета трае од 18.03.202 6 година до 25.03.202 6 година, секој работен ден од 8:0 0 до 16:00 часот. Повторна та јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.03.2026 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.Соопштение на повторна јавна презентација и повторна јавна анкета по урбанистички план за село ДабништеУрбанистичко планирање НЕ
12.03.2026Собрание на РСМзаконски измени 92. седница на Собранието. Предлог на закон за органско земјоделско производство (*) – Второ читање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка –92 седница на Собраниеадминистрација и управување НЕ
12.03.2026Струмицаинформација за јавност Струмица ќе добие 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот. Со поставувањето на новите мерни станици значително ќе се прошири и унапреди постоечката мрежа за мерење на квалитетот на воздухот. На тој начин граѓаните ќе добиваат попрецизни, подостапни и навремени информации за состојбата со воздухот.Струмица ќе добие 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухотВоздух НЕ
12.03.2026Министерство за животна средина и просторно планирањеинформација за јавност Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки.Соопштение за јавна расправа за постапката за обновување на дозволата на УСЈЕадминистрација и управување НЕ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *