News

Monitoring 13.03.2026
Табела за следење на информации од 10 до 13.03.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности | |||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 10.03.2026 | Брвеница | Решение | Се одобрува Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена E1.8 – Средно-напонски електричен кабел – СН 20KV, за приклучок на ФВЦ Д-Солар, од новопланирана ТС 20(10)/0,4 до столбно место на постоечки надземен СН 20KV вод, КО Стенче, општина Брвеница, | Решение за проектна програма заизработка на Урбанистички проек вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Делчево | информација за јавност | Меѓуопштинската соработка е значајна алатка за надминување на предизвиците на општините. Зајакнувањето на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа беше тема на работилницата во организација на СИГМА и Министерството за локална самоуправа. Фокусот на сесиите беше ставен на развој на нови и унапредени механизми и политики за зајакнување на меѓуопштинската соработка, анализа на добри практики од национално и меѓународно ниво, како и разгледување можни измени и дополнувања на правната рамка, врз основа на досегашните искуства и идентификуваните предизвици. | Работилница за меѓуопштинска соработка | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Кавадарци | Повик | Одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за изградба до 10/20 KV електричен кабелски подземен вод, со намена Е1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија, на КП 3207, дел од КП 2859/1 – дел од КП 3208 -Дел, КП 2860/1 – дел, КП 3183/3 – дел и КП 2892 – дел, КО Сопот, Општина Кавадарци | Одобрување на Проектна програма за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | законски измени | Усвоен е Законот за органско земјоделско производство. Овој закон создава модерна и појасна рамка за развој на органското производство, зајакнувајќи го системот на контрола и транспарентноста на пазарот. Законот предвидува и поголема поддршка за земјоделците, особено за малите производители и семејните земјоделски стопанства кои се занимаваат со земјоделско производство. Со усвојувањето на овој закон се отвораат нови можности за зголемување на квалитетот на домашните производи, зајакнување на довербата на потрошувачите и проширување на потенцијалот за извоз на европскиот пазар. Ова претставува значаен чекор кон одржлив развој на земјоделството и промоција на органските производи во државата. | Законски измени за органско земјоделско производство | Земјоделство | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Чучер-Сандево | информација за јавност | Нова пречистителна станица во Кучевишка Бара! Започнуваме реализација на нова пречистителна станица во населбата на Кучевишка Бара, која ќе го реши проблемот со третманот на отпадните води на овој дел од општината. | Нова прочистителна станица во Кучевишка Бара | Води | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Министерство за локална самоуправа | информација за јавност | Се одржа работилница „Од политика до практика: Зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, организирана од СИГМА и Министерството за локална самоуправа | Работилница „Од политика до практика: Зајакннување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа„ | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Министерство за локална самоуправа | информација за јавност | Преку зајакнување на меѓуопштинската соработка овозможуваме стандардизација и унапредување на локалните услуги. Испорака на висококвалитни локални услуги е право на граѓаните од секоја општина, а наша обврска како Влада и Министерство е да создадеме законски и институционални предуслови за остварување на истото, истакна државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска, во рамки на презентацијата на тековните активности на министерството во областа на меѓуопштинска соработка, на денешната практична работилница. | Зајакнување на меѓуопштинска соработка | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Ранковце | Извештај | Годишен извештај за еднакви можности | Годишен извештај за еднакви можности | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Собрание на РСМ | информација за јавност | Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава за 2025 година | Презентација на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската заедница во земјава за 2025 г. | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 17. седница на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка | 17 седница на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство | администрација и управување | НЕ | |||||
| 11.03.2026 | Службен весник | законски измени | Во базата на прописи од Службен весник на РСМ бр.51 од 10.03.2026 објавени се следните прописи: Закон за изменување и дополнување на Законот за градење; Закон за изменување и дополнување на Законот за градежно земјиште | Законски измени во Службен весник на РСМ бр.51 од 10.03.2026 | администрација и управување | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Брвеница | Решение | Се одобрува Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела на КП. бр. 601 и 601/3, КО Брвеница-вон град во општина Брвеница со намена Г2.2 – ЗГРАДИ ОД ПРЕХРАМБЕНАТА ИНДУСТРИЈА –Фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа, складови, топлани, генераторски станици и сл, | Одобрување на Проектна програма, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Делчево | информација за јавност | Советот на Општина Делчево на денешната Седница со Заклучок кој беше ставен на Седницата на барање на градоначалникот Гоцевски, го осуди ширењето континуирани лаги и инсинуации и континуирани обиди за ширење паника кај граѓаните на Општина Делчево, а во врска со намерата на одреден деловен субјект за воспоставување постојка за стерилизација на медицински отпад. | Заклучок од седница на советот на Општина Делчево | администрација и управување | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Илинден | Решение | Општина Илинден, заедно со Иницијативниот одбор за млади, објавува повик за членови на конститутивното Локално собрание за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Ги охрабруваме сите лица кои се на возраст од 15 до 29 години и ги исполнува горенаведените услови да ги испратат своите Биографии на официјалната електронска пошта на Општина Илинден (ilinden@ilinden.gov.mk). Рокот за аплицирање е до 26.03.2026 година. | Повик за членови на конститутативното локално собрание за млади | администрација и управување | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Кавадарци | Соопштение | Организирање на Повторна Јавна Презентација и Повторна Јавна Анкета По Урбанистички план за село Дабниште, КО Дабниште, Општина Кавадарци. Повторната јавна анкета трае од 18.03.202 6 година до 25.03.202 6 година, секој работен ден од 8:0 0 до 16:00 часот. Повторна та јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 19.03.2026 година во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала. | Соопштение на повторна јавна презентација и повторна јавна анкета по урбанистички план за село Дабниште | Урбанистичко планирање | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 92. седница на Собранието. Предлог на закон за органско земјоделско производство (*) – Второ читање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка – | 92 седница на Собрание | администрација и управување | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Струмица | информација за јавност | Струмица ќе добие 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот. Со поставувањето на новите мерни станици значително ќе се прошири и унапреди постоечката мрежа за мерење на квалитетот на воздухот. На тој начин граѓаните ќе добиваат попрецизни, подостапни и навремени информации за состојбата со воздухот. | Струмица ќе добие 6 нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот | Воздух | НЕ | |||||
| 12.03.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата за УСЈЕ, за што веќе е поднесено барање. На расправата ќе бидат поканети сите засегнати страни, вклучително и претставници на граѓанските организации, иницијативи и стручната јавност. Сметаме дека суштинскиот придонес се остварува преку отворен и аргументиран дијалог во институционални рамки. | Соопштение за јавна расправа за постапката за обновување на дозволата на УСЈЕ | администрација и управување | НЕ | |||||
Irina Glavinceska
0