Final project event: Presentation of the Aarhus Convention implementation monitoring results – state of affairs in North Macedonia
Завршен настан на проект: "Презентирање на резултати од следење на имплементацијата на Архуската Конвенција во Република Северна Македонија"
Архус Центар Скопје Ве поканува на завршен настан на проектот кој има за цел зајакнување на капацитетите и создавање на функционален систем за следење на работењето јавните институции, општините и телата и органите за донесување одлуки за транспарентноста на процедурите, усогласувањето на законите и квалитетот на процесите на учество на јавноста во врска со спроведувањето на Архуската Конвенција, финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Настанот е предвидено да се одржи на 14.12.2021 (вторник), со почеток во 11:00 часот преку електронската платформа ЗООМ.
Целта на овој настан е да ги промовираме анализите и резултатите од мониторингот на веб страните на државни институции, јавни претпријатија и локалните самоуправи кои се однесуваат на имплементацијата на одредбите на Архуската Конвеција во Република Северна Македонија, особено во делот на пристап до информации и учество на јавноста во процесот на донесување на одлуки поврзани со животната средина.