News

Monitoring table 15/12/2021
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Битола | https://bit.ly/33lVTsm | Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на локален младински совет на Општина Битола | Критериумите, условите и потребните документи за заинтересираните кандидати се објавени во самиот повик кој се наоѓа на линкот. Повикот трае до 19.12.2021 | |
Битола | https://bit.ly/3EZHTlZ | Покана за јавна дебата за приоритетните области за поднесување на предлог проекти од страна на НВОи во рамки на проектот RELOAD2 (УНДП) | Јавната дебата ќе се одржи на 15.12.2021 (среда), со почеток од 13:00 часот во просториите на Советот на Општина Битола | |
Богданци | https://bit.ly/3oVWXeT | Одлука за одобрување на програма за отворено повеќенаменско игралиште КО Ѓавато | Како прилог на одлуката е даден само графички дел | Не е приложена програмата, геодетскиот елаборат и други прилози кои се наведени во самата одлука |
Боговиње | https://bit.ly/32440Jq | Одобрена програма за Боговињска река | Објавен е Урбанистички Проект за регулација на Боговињска Река во с. Боговиње, Општина Боговиње, изработен од Градежен Институт на Македонија, финансиран од УНДП. | Не се објавени информации за јавен увид на УП, јавна анкета, стручна расправа. Исто така нема инфомации за потребата од СОЖС постапка |
Боговиње | https://bit.ly/3dUakGg | Јавен повик за учество во партиципативно дело за урбанистичко планирање | Повикот ќе биде објавен на веб страната и ќе трае до 15.01.2022 година | |
Велес | https://bit.ly/3pWPD26 | Одлука за неспроведување на СОЖС | Одлука за неспроведување на СОЖС за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е2.1-Згради на патниот сообраќај со инсталации и простори (Полигон за обука на возачи) | |
Гостивар | https://bit.ly/3EWS6Qc | Урбанистичкиот проект за инфраструктура за Изградба на нови 10(20) kV кабелски изводи од ТС 110/20/10 kV „Гостивар 1” до ТС 20 (10)/0,4 kV „Техничко Училиште”-(КО Гостивар 1), О. Гостивар. | Објавен е Урбанистички Проект и решение за одобрување. | Не се објавени информации за јавен увид на УП, јавна анкета, стручна расправа. Исто така нема инфомации за потребата од СОЖС постапка |
Гевгелија | https://bit.ly/3yteqyn | Објавени Конкурсите за финансиска поддршка на активностите на НВО-секторот и Месните заедници во 2022 година | Конкурсите траат 20 работни дена, до 30 декември, 2021 година. | |
Дебар | https://bit.ly/3s8qTqm | Покана за учество на Јавна расправа за Предлог-буџетот на Oпштина Дебар за 2022 година | Јавната расправа за Предлог-буџетот на Oпштина Дебар за 2022 година, што ќе се одржи на 17.12.2021 година (петок) со почеток во 10:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар. | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3F05MKa | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за вонредна состојба | Орган надлежен за подготовка на законот е Министерство за правда. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 13.12.2021 – 31.03.2022. Одговорно лице за контакт во министерството: nikola.prokopenko@mjustice.gov.mk. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР: http://www.pravda.gov.mk,cabinet@mjustice.gov.mk, nprokopenko@mjustice.gov.mk | |
Центар | https://bit.ly/3sbSqHg | Анкетен прашалник за креирање на Програмите за работа на општина Центар за 2022 годинa | Цел на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво и креирање на транспарентна локална самоуправа. Прашалникот се наоѓа на линкот. | |
Кавадарци | https://bit.ly/3IV4BOS | Јавна Презентација и Јавна Анкета По Детален урбанистички план за УЕ 6, дел за блок 6.11, ,,СРЦ Јасмин” | Јавната анкета ќе биде од 16-30.12.2021. Стручната расправа ќе биде на 24.12.2021, со почеток во 13:00. | |
Кочани | https://bit.ly/3pRBPpi | Повторна јавна презентација по урбанистички план за село Оризари КО Оризари, Општина Кочани | Повторна јавна презентација по урбанистички план за село Оризари КО Оризари, Општина Кочани, плански период 2017-2027 конечен предлог план, ќе се оддржи на ден 22.12.2021г. со почеток во 11 часот во салата на Дом на Култура во Оризари. | |
Центар за развој на Вардарски плански регион | https://bit.ly/3oTztXW | Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион | Заинтересираните правни лица/апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик. Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 20.12.2021 година. | |
Центар за развој на Југозападен плански регион | https://bit.ly/322vgs9 | Оглас за здруженија на граѓани | Заинтересираните правни лица/апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик. Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 15.12.2021 година. | |
Ново Село | https://bit.ly/3IOOKRD | Соопштение до јавноста во однос на УП Сушица | Јавниот увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за пречистителна станица на фекален канализационен систем за с.Сушица и испусен колектор во реципиент, Општина Ново Село, ќе трае 15 (петнаест) дена, сметано во деновите од 14-28.12.2021 год. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења во електронака форма преку информациски систем е-урбанизам. | Не е наведен датум за струна расправа. Не се дадени информации за потребата од спроведување на СОЖС постапката |
Охрид | https://bit.ly/3yteFJN | Покана за јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување Јавин повик за граѓанските организации | Покана за присуство на Јавната дебата за утврдување на приоритети на јавниот повик, која ќе се оддржи на ден 16 декември 2021 година (четврток) со почеток во 12.30 часот во Големата сала на Советот на Општина Охрид. | |
Ранковце | https://bit.ly/3ytezlp | Соопштение за јавен увид по УП вон опфат на урбанистички план за изградба на објект со намена А4-3 викенд куќа на К.П. бр.96, КО Одрено, Општина Ранковце | Јавниот увид ќе трае од 16-30.12.2021 | Објавен е само синтезен план. Не е наведен датум за стручна расправа |
Ранковце | https://bit.ly/3J1R4VI | Проектна програма за УП за Е‐инфраструктура Е1.13‐површински соларни и фотоволтаични електрани | Објавено е решение за одобрување и Планска програма | |
Ранковце | https://bit.ly/3dQQ9sz | Проектна програма за УП за Еинфраструктура Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани | Проектна програма и Решение за одобрување на проектната програма | |
Росоман | https://bit.ly/3dQAY2H | ЈАВЕН ПОВИК- за избор на член во Советот за развој на Вардарски плански регион – претставник од здруженијата, со мандат од 4 (четири) години | Заинтересираните правни лица/апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик. Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 20.12.2021 година. | |
Собрание на РСМ | https://bit.ly/33xOrdZ | 11 Седница на Комсијата за земјоделството, шумарство и водостопанство | Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието, на вчерашната 11. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за ловството, | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/329wsde | Консултации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации во 2022 година | Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат организира консултативен процес со граѓанските организации за утврдување на приоритетите за финансиска поддршка на граѓанските организации од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија за 2022 година. Се повикуваат граѓанските организации активно да се вклучат во консултативниот процес и да достават свое мислење и предлози по Табелата со предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2022 година, најдоцна до 21.12.2021 година, на електронската пошта nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака „Мислење за приоритети за финансиска поддршка на ГО“ |
Irina Glavinceska
0