News

Monitoring 05/05/2026
Табела за следење на информации од 28.04.2026 до 05.05.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | еа | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 28.04.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 28.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Општина Тетово добива посебна единица за заштита на животната средина, ги повикувам останатите општини да го следат примерот | Општина Тетово доби посебна единица за заштита на животната средина | администрација и управување | НЕ |
| 28.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Студија | Студија за ОВЖС од проект Градби од стратешки интерес: Изградба на патен коридор 8, делница 2, подделница 2А на автопат: Гостивар-Букојчани | Студија за ОВЖС | Природа | НЕ |
| 28.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Документ | Барање за издавање на Дозвола за зафаќање и користење за вода од постоечки водоснабдителен систем подземни водни тела Б1, Б2 и Б3 с. Проевци | Барање за издавање на Дозвола за зафаќање и користење за вода | Води | Нема датум кога е објавено барањето |
| 28.04.2026 | Струга | Решение | Одобрен е Урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на комплекс од градби со намена Г2.1-Згради од лесна градежна индустрија на дел од К.П.960/1 К.О.Мороишта општина Струга. | Одобрен е Урбанистички проект | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 28.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 49. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка со амандмани. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка -со амандмани | 49. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика | администрација и управување | НЕ |
| 28.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка со амандмани. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка со амандмани. | Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка со амандмани. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка со амандмани | администрација и управување | НЕ |
| 28.04.2026 | Прилеп | Б Интегрирана дозвола | Градоначалникот на Општина Прилеп ја објавува Нацрт Б – интегрирана еколошка Дозвола. Подносител на барањето Друштво за трговија, услуги, откуп и преработка “БИМФООД” ДОО експорт-импорт Прилеп Адреса: ул.„Александар Македонски “ бб, индустриската зона на град Прилеп, во м.в. Долно Садово, Прилеп. Категорија на инсталација: Обработка и преработка наменета за производство на храна од растителни суровини со капацитет на производство на готовипроизводи од 30-300т/ден (просечна вредност на квартална основа). Нацрт Б–интегрираната еколошка дозвола во печатена форма, ќе биде достапна на заинтересираната јавност во рок од 14 дена во просториите на Општина Прилеп секој работен ден. Ве информираме дека нацрт Б – интегрираната еколошка дозвола ќе биде достапна и во електронска форма на официјалната web страница. | Нацрт Б – интегрирана еколошка Дозвола | Воздух | НЕ |
| 28.04.2026 | Петровец | Соопштение | Се става на јавен увид на јавноста Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за КП 414/1, 414/2, 415/1, 415/2 И 416, КО Ќојлија, Општина Петровец. Јавниот увид ќе трае 15 дена односно од 30.04.2026г. до 14.05.2026г. | Јавен увид на јавноста за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 28.04.2026 | Министерство за транспорт | Извештај | Финален извештај за СЕА за ДУПД за изградба на бензиска пумпна станица со пратечки објекти покрај патот Р 1303 Прилеп – Mакедонски Брод – Кичево во к.о. Ропотово, на КП1954/2, КП1954/3, КП1954/4, КП1956, КП2222-дел,о. Долнени | Финален извештај за СЕА за ДУПД | Просторно планирање | НЕ |
| 28.04.2026 | Министерство за транспорт | Одлука | Одлука за спроведување на СОЖС за УППГДЗ за изградба на ФЕЦ“Страчинци” со површински соларни и фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со моќност над 10MW и ТС со капацитет од 110/35 КВ, м.в. Јурија, КО Страчинци и КО Брњарци, О.Гази Баба | Одлука за спроведување на СОЖС за УППГДЗ | Просторно планирање | НЕ |
| 28.04.2026 | Ј. П. за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен – Скопје | информација за јавност | Донесена е одлука за забрана за лов на крап (Cyprinus carpio) во периодот од 01.05.2026-15.06.2026 | Одлука за забрана за лов на крап (Cyprinus carpio) | Земјоделство | НЕ |
| 28.04.2026 | Национална агенција за европски образовни програми и мобилност | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за избор на 12 (дванаесет) наставници од основни училишта за еднодневна работилница „Европас во училница“ | ЈАВЕН ПОВИК за избор на 12 (дванаесет) наставници од основни училишта | администрација и управување | НЕ |
| 29.04.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 29.04.2026 | ЕВН | Студија | Социо-економска и енергетска студија за дваесетгодишните достигнувања и континуирани инвестиции на ЕВН Македонија во енергетиката, економијата и одржливиот развој | Социо-економска и енергетска студија за дваесетгодишните достигнувања и континуирани инвестиции на ЕВН Македонија во енергетиката, економијата и одржливиот развој | Енергетика | НЕ |
| 29.04.2026 | ЗЕЛС | информација за јавност | Во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион се интензивираат активности за управување со отпадот- изнесено на Форумот „Заедно за регион без отпад: Кон функционален и одржлив регионален систем” | Се интензивираат активности за управување со отпадот- изнесено на Форумот „Заедно за регион без отпад: Кон функционален и одржлив регионален систем” | Управување со отпад | НЕ |
| 29.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Завршна работилница за прифаќање на ажурираниот Национален план за имплементација според Стокхолмската конвенција во Република Северна Македонија | Завршна работилница за прифаќање на ажурираниот Национален план за имплементација според Стокхолмската конвенција во Република Северна Македонија | Воздух | НЕ |
| 29.04.2026 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Нов Закон за природа: Усогласување со националните паркови | Нов Закон за природа: Усогласување со националните паркови | Природа | НЕ |
| 29.04.2026 | ЕНЕР | законски измени | Стратегијата за демографска отпорност | Стратегијата за демографска отпорност | администрација и управување | НЕ |
| 29.04.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 98. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка – разгледана. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка – разгледана. | 98. седница на Собрание | администрација и управување | НЕ |
| 29.04.2026 | Министерство за локална самоуправа | информација за јавност | 42-ра седница на Советот за рамномерен регионален развој на која беа разгледани суштински прашања и утврдени предлог-одлуки за финансирање на предлог-проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година. | 42-ра седница на Советот за рамномерен регионален развој | администрација и управување | НЕ |
| 29.04.2026 | Неготино | Урбанистички документи | Објавен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура – систем за водоснабдување, за индустриски парк „ИГМ – Неготино“ – стопански комплекс во урбанистички план вон населено место, Општина Неготино | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за инфраструктура | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 29.04.2026 | Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | информација за јавност | Прекугранична соработка за превенција од пожари на ниво на предел | Прекугранична соработка за превенција од пожари на ниво на предел | Шумарство | НЕ |
| 29.04.2026 | Центар | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување. Јавниот повик е отворен од 29.04.2026 година и ќе трае се до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје, или до завршувањето на Јавениот повик, не подоцна од 01.12.2026 година по принципот, „прв дојден, прв услужен“. | ЈАВЕН ПОВИК за доделување на поединечна субвенција на жителите на Општина Центар-Скопје за купување | администрација и управување | НЕ |
| 29.04.2026 | Универзитет Гоце Делчев-Ректорат-Штип | Повик | Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ве поканува да присуствувате на презентација посветена на кариерните можности во НАТО, која ќе се одржи на 6 мај 2026 година (вторник), во 11 часот, во предавална 1 на Економски факултет. | Презентација посветена на кариерните можности во НАТО | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Агенција за претприемаштво | Повик | The Agency for innovation, scientific and technological development and entrepreneurship is publishing a call for engaging an external expert – Procurement Manager for the implementation of the Green Business Facility Grant Scheme project. The project is co-funded by the European Union. Applications must be submitted electronically to the following address: projects@inova.gov.mk with a subject line: Call for GBF Experts, latest by 8 May 2026 at 4pm. | Call for engaging an external expert – Procurement Manager for the implementation of the Green Business Facility Grant Scheme project | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 30.04.2026 | Регулаторна комисија | Извештај | ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за работата на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на РСМ во 2025 година | ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ за работата на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на РСМ во 2025 година | Енергетика | НЕ |
| 30.04.2026 | Национален Конзерваторски Центар | информација за јавност | Меѓународната научна конференција „GREDIT 2026 – Зелен развој, зелена инфраструктура, зелена технологија“ | Меѓународната научна конференција „GREDIT 2026 – Зелен развој, зелена инфраструктура, зелена технологија“ | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за заштита на културното наследство. Назив на министерство: Министерство за култура. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 30.04.2026 – 31.05.2026. Најава за јавен увид и јавна расправа: НЕ. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите :Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите: Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите: f.gorsovska@kultura.gov.mk, Фросина Ѓоршовска | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на Закон за заштита на културното наследство | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Струмица | информација за јавност | Струмица е меѓу 5-те општини кои ќе добијат План за одржлива урбана мобилност 2027–2037. Планот може да се симне на линкот | Струмица е меѓу 5-те општини кои ќе добијат План за одржлива урбана мобилност 2027–2037 | Просторно планирање | НЕ |
| 30.04.2026 | Министерство за правда | информација за јавност | Зајакнување на владеењето на правото преку ефикасно управно судство. Преку платформата ЕПУС се овозможува целосно електронско управување со управно-судските предмети, што ќе придонесе за побрзи постапки, поголема транспарентност и поефикасно извршување на судските одлуки. | Зајакнување на владеењето на правото преку ефикасно управно судство | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Чашка | информација за јавност | На следниот линк можете да го следите преносот од осмата седница на Совет на ОПШТИНА ЧАШКА. | Oсма седница на Совет на ОПШТИНА ЧАШКА | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Јегуновце | информација за јавност | Започнува подготовката на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во с. Прељубиште, Општина Јегуновце | Започнува подготовката на техничка документација за пречистителна станица за отпадни води и канализациона мрежа во с. Прељубиште, Општина Јегуновце | Води | |
| 30.04.2026 | Зелениково | службен гласник | Службен гласник на Општина Зелениково број 5 | Службен гласник на Општина Зелениково број 5 | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Аеродром | информација за јавност | На 7.5.2026 година (четврток) со почеток во 12:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 10. седница на Советот на Општината. Дневниот ред на седницата е на следниот линк | 10. седница на Советот на Општина Аеродром | администрација и управување | НЕ |
| 30.04.2026 | Виница | Решение | Одобрување на Планска програма за Детален Урбанистички план за дел од Блок 11 во опфат помеѓу ул. “Љупчо Сантов”, ул. “Стив Наумов”, ул. „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и крак на ул. „Љупчо Сантов“, КО Виница, Општина Виница | Одобрување на Планска програма за Детален Урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 30.04.2026 | Битола | Соопштение | Повторена Јавна презентација и Јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план за Работна Зона м.в Хераклеа (Детален урбанистички план за Четврт Југ 3, Блок Ј.03.08) – Општина Битола. Јавниот увид ќе биде од 30.04-11.05.2026. Јавната презентација ќе биде на 04.05.2026 со почеток во 13.00 часот во просториите на општина Битола | Повторена Јавна презентација и Јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 04.05.2026 | Велес | информација за јавност | Јавен повик за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед за 2026 година. Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на Јавниот повик па се до 02.06.2026 година, ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за купен велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик. | Јавен повик за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед за 2026 година | енергетска ефикасност | НЕ |
| 04.05.2026 | Гостивар | Решение | се одобрува Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела ГП 1 на КП 743/118, КП 743/119 и дел од КП 743/100, во КО Бањица со намена А1- куќи за домување во опфатот на Општ Акт за село Долна Бањица – Општина Гостивар, | Се одобрува Урбанистички Проект | Урбанистичко планирање | НЕ |
| 04.05.2026 | Карпош | информација за јавност | Во организација на ДИЖС при МЖСПП на Северна Македонија, денеска во просториите на Општина Карпош, се одржува првата обука за зајакнување на капацитетите за спроведување на законодавството за животната средина. Твининг проектот за животна средина, кој е финансиран од ЕУ и кои ги поврзуваат институциите со земјите – членки на ЕУ, има за цел да ја зголеми ефикасноста, транспарентноста и координацијата на инспекциските надзори во животната средина. На тој начин, преку примена на овој проект на централно и локално ниво, ќе се обезбеди подобра заштита на животната средина и јавното здравје. Клучните активности на проектот се усогласување со директивите на ЕУ, изработка и имплементација на Националната стратегија за инспекциски надзор во животната средина, јакнење на капацитетите и обуки за инспекторите од оваа област, како и воведување на инспекциски надзор засновани на проценка на ризик, промоција на дигитални алатки и транспарентност на податоци. | ОБУКА ВО КАРПОШ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА | администрација и управување | НЕ |
| 04.05.2026 | Прилеп | информација за јавност | Се известуваат сите жители на Општина Прилеп дека согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Упатството за постапување на општините со напуштени или отпадни возила во чекори, сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини. Се повикуваат сите сопственици и корисници на вакви возила, во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на ова известување, доброволно да ги отстранат своите напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) од наведените површини. | Сопствениците, односно носителите на правото на користење на напуштени или отпадни возила во чекори (хаварисани, оштетени и неисправни возила) се должни да ги отстранат истите од природа и јавни површини | Управување со отпад | НЕ |
| 04.05.2026 | Град Скопје | Б Интегрирана дозвола | Барање за обновување на Б – Интегрирана еколошка дозвола за ДУТ ТИАМО ДОО, инсталацијата за преработка и конзервирање на месо ТИАМО ДОО експорт импорт – Скопје, Подружница 1 Тиамо с.Глумово, Скопје | Барање за обновување на Б – Интегрирана еколошка дозвола | Воздух | Не е објавен датум кога е објавено барањето |
| 04.05.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 50. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони – Прво читање | 50. седница на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика | администрација и управување | НЕ |
| 04.05.2026 | Собрание на РСМ | законски измени | 164. седница на Законодавно-правна комисија. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони – Прво читање | 164. седница на Законодавно-правна комисија | администрација и управување | НЕ |
| 04.05.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 04.05.2026 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | Води | НЕ |
| 04.05.2026 | Универзитет Гоце Делчев-Ректорат-Штип | Повик | Млади професионалци ќе имаат можност да започнат кариера во НАТО, преку Програмата за млади професионалци, за која веќе е објавен повик. Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2026 година (23:59 CET). | Програмата за млади професионалци | администрација и управување | НЕ |
Irina Glavinceska
0