News

Monitoring 10-12.11_2026
Табела за следење на информации од 10 до 12.11.2026
Во продолжение е табелата со најнови информации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
| Датум | Име на институција | Вид на објава | Опис | врска до објавата URL | Област | Идентификувани неправилности |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 10.11.26 | Битола | Документ | Во функција на отчетност и транспарентност, Општина Битола го објавува Општинскиот информатор за активностите од ноември 2025 до ноември 2026 година. | https://is.gd/mgWZPz | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Вевчани | информација за јавност | 10-та седница на Совет на општина Вевчани | https://is.gd/M6bhQI | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Виница | Решение | Одобрен е Урбанистички проект вон опфат на урнанистички план за изградба на фекална канализација – Горна населба во с. Градец, Општина Виница | https://is.gd/tZCoXX | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Гевгелија | Решение | Одобрена е Проектна програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за Новопланиран СН 10(20)kV подземен кабелски вод од кабелска спојница до новопланирана трафостаница КБТС 10(20)/0,4 kV на КП 3705 во КО Богородица, општина Гевгелија | https://is.gd/AlSWLW | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Ѓорче Петров | Урбанистички документи | Урбанистички проект за село за формирање на градежни парцели со намена А1 – Домување во куќи на дел од КП 688/16, КО Ѓорче Петров 1 – Ново Село и уредување на пристап, во опфатот на УПС Ново Село (Одлука бр. 08-1819/7 од 16.11.2020 год.), Општина Ѓорче Петров | https://is.gd/9YAgfE | Урбанистичко планирање | Објавен е само синтезен план. Нема техничка документација |
| 10.11.26 | Ѓорче Петров | Урбанистички документи | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на водоснабдителен систем за подобрување на водоснабдувањето за населбата Ѓорче Петров за дел 1 и дел 2: пумпна станица и резервоар Ѓорче Петров, Општина Ѓорче Петров | https://is.gd/9YAgfE | Урбанистичко планирање | Објавен е само синтезен план. Нема техничка документација |
| 10.11.26 | Гостивар | информација за јавност | ЈП „Комуналец“ – Гостивар информира дека најновите лабораториски анализи потврдиле дека водата од јавната водоводна мрежа е безбедна за пиење и ги исполнува сите пропишани стандарди за квалитет. | https://is.gd/5cyBtJ | Води | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Гостивар | Решение | Се одобрува Урбанистички Проект за село за формирање на градежна парцела, КО Чегране – с. Чегране – (од Општ Акт за с.Чегране), (А1 – домување во куќи), Општина Гостивар | https://is.gd/8d3h4h | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Тетово | Соопштение | Повторената јавна анкета за Нацрт-ДУП за блок 57, урбан модул 57б, во Општина Тетово ќе се одржи од 23.11 до 04.12.2026 година, додека јавната и стручната презентација се закажани за 27.11.2026 година во 11:00 часот, во просториите на Општина Тетово. | https://is.gd/1WlD1V | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Тетово | Соопштение | Повторената јавна анкета за Нацрт-ДУП за блок 57, урбан модул 57б, во Општина Тетово ќе трае од 23.11 до 04.12.2026 година, а јавната презентација ќе се одржи на 27.11.2026 година во 11:00 часот, во просториите на Општина Тетово. | https://is.gd/zCweLb | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Аеродром | Повик | Општина Аеродром објави јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамките на програмата ReLOaD3, кој ќе трае од 10.11 до 08.12.2026 година, со обезбедена обука и менторска поддршка за заинтересираните организации. | https://is.gd/CjBSQZ | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Кавадарци | информација за јавност | УНДП ги претстави иницијативите на Кавадарци за циркуларна економија и одржлив развој, со акцент на повторната употреба на ресурсите, локалните иновации и развојот на екотуризмот. | https://is.gd/IXkRXD | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Кавадарци | Повик | Отворени се пријавите за хакатонот за екотуризам во Кавадарци, кој ќе се одржи од 9 до 11 декември 2026 година, со награден фонд од 2.000 американски долари за трите најдобри тимови. | https://is.gd/roPx32 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Дебар | Урбанистички документи | Објавен е Детален урбанистички план за блок 11, Општина Дебар, плански период 2024–2029 година – Предлог-план | https://is.gd/m7lqh9 | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Дебрца | информација за јавност | 19–та седница на Советот на општината ќе се одржи на ден 13.11.2026 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. | https://is.gd/sVOCXF | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Крива Паланка | информација за јавност | Општина Крива Паланка е прворангирана меѓу 81 општина според Индексот на отворени општини за 2025 година, со освоени 86,4 поени од можни 100 за транспарентност и отвореност на буџетските процеси. | https://is.gd/4wOLNR | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Крива Паланка | информација за јавност | Во Општина Крива Паланка се одржа втората работилница за изработка на Локалната стратегија за млади, на која се дефинираа мерки и приоритети за унапредување на положбата и учеството на младите во локалната заедница. | https://is.gd/PCYpBS | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Б Интегрирана дозвола | Во Регистарот на А Интегрирани Еколошки Дозволи евидентирана е измена на А-ИЕД за Живино Пром Штип, издадена од МЖСПП | https://is.gd/tiP8RH | Воздух | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Министерството за енергетика, во соработка со Европската комисија, организира TAIEX експертска мисија до 13 ноември 2026 година, посветена на енергетската сиромаштија, заштитата на ранливите потрошувачи и реформите во цените на електричната енергија. | https://is.gd/8d3UYL | Енергетика | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Ранковце | Одлука | Одлука за неспроведување на стратегиска оцена за Урбанистички план за вон населено место за викенд-населба во КО Милутинце, Ранковце (плански период 2025–2030), со намени А4 – времено сместување, Б5 – хотели и хотелски комплекси, В5 – верски институции, Д3 – спорт и рекреација на зелени површини и Е1 – сообраќајни и други инфраструктурни системи, КО Милутинце. | https://is.gd/aGoyta | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Собрание на РСМ | законски измени | 129. седница на Собранието. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој – Прво читање. Предлог на закон за изменување и дополнување на Kривичниот законик, по скратена постапка. Закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки | https://is.gd/Uc8X7P | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Влада на РСМ | информација за јавност | 229-та седница на Владата. На дневниот ред се најдоа точки поврзани со урбанистичко планирање и изградба на фотоволтаични електрани во Свети Николе, продолжување на концесија за експлоатација на минерални суровини во Ранковце, измени на Законот за младинско учество и младински политики, заштита од шумски пожари, снабдување со нафтени деривати, управување со градежно земјиште и работењето на ЈП за стопанисување со пасишта. | https://is.gd/lbrroX | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Струмица | информација за јавност | Размена на германски искуства и стручни практики за унапредување на јавниот превоз во Струмица | https://is.gd/fkPFc3 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Струмица | информација за јавност | Граѓаните на Општина Струмица се меѓу најактивните апликанти за зелени инвестиции, со околу 25% од вкупните апликации на национално ниво во првите три квартали од 2026 година, во рамките на Програмата за зелено финансирање за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени. | https://is.gd/MTWvyu | Воздух | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Агенција за планирање | Јавна расправа | На 13 ноември 2026 година, во 11:00 часот, во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи последната, осма стручна расправа за Нацрт-Просторниот план на Република Северна Македонија, посветена на Скопскиот плански регион. | https://is.gd/xW7bUW | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Министерство за односи меѓу заедниците | информација за јавност | Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032 | https://is.gd/qXbMRl | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 10.11.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://is.gd/PxzNTU | Води | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Берово | информација за јавност | Општина Берово ги претстави своите искуства и идни планови за одржлив туризам на регионална работилница во Скопје. | https://is.gd/dWOSem | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Битола | информација за јавност | Претседателот на Советот на Општина Битола, учествуваше на панел-дискусија посветена на развојот, идните инвестиции и подобрувањето на условите во Зоолошката градина во Битола. | https://is.gd/XQJFC0 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Битола | информација за јавност | Советот на Општина Битола на 13 ноември ќе расправа за извршувањето на буџетот, развојните планови, урбанистичкото планирање и други прашања од надлежност на Советот. | https://is.gd/mZgHR9 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Битола | информација за јавност | Општина Битола е добитник на националната награда „Младински пријателски град” во Пелагониски регион за 2026 година. | https://is.gd/CAsNPZ | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Битола | информација за јавност | Општина Битола на второ место од 81 општина во Македонија во анализата на Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. | https://is.gd/riQZIG | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Гази Баба | информација за јавност | Во Општина Гази Баба се одржа третиот граѓански буџетски форум, на кој жителите имаа можност да ги споделат своите предлози и приоритети за Буџетот за 2027 година. | https://is.gd/7bHtz3 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Ѓорче Петров | Повик | Општина Ѓорче Петров ги поканува граѓаните на буџетски форум на кој ќе имаат можност да ги споделат своите предлози и приоритети за креирање на општинскиот буџет за 2027 година. | https://is.gd/BK4Mnu | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Гостивар | информација за јавност | Општина Гостивар е прогласена за „Град пријател на младите 2026“ (Youth Friendly Town 2026) во Полошкиот регион. | https://is.gd/Rud3mX | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Кавадарци | Повик | Поедноставена отворена постапка – Ревизија на Урбанистички планови и проекти | https://is.gd/f1OwDs | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Центар | Јавна расправа | На 13 ноември 2026 година, во 11:00 часот, во салата на Советот на Град Скопје ќе се одржи регионална јавна расправа за Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 за Скопскиот плански регион. | https://is.gd/n0yimh | Просторно планирање | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Делчево | информација за јавност | Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, учествуваше на Четвртиот национален форум за младинска работа во Охрид, додека Општина Делчево ја доби наградата „Младински пријателски град“ за 2026 година. | https://is.gd/nRrE4W | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Центар за развој на Источен плански регион | информација за јавност | Одржана прва регионална работилница за изработка на Програмата за развој на Источен плански регион 2027-2031 | https://is.gd/8THHuz | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Центар за развој на Источен плански регион | Повик | Центарот за развој на Источен плански регион Ве поканува да земете учество на Првата форумска сесија која ќе се одржи на 17.11.2026 година (вторник) со почеток од 10:30 во Хотел „ИЗГРЕВ“, во Штип | https://is.gd/FFbI97 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлогот на закон за железничкиот систем со временска рамка 12.11.2026 – 17.11.2026 | https://is.gd/aZRNUx | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 11.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за регулирање на железничкиот сектор и заштита на правата на патниците во железничкиот превоз со временска рамка 12.11.2026 – 17.11.2026 | https://is.gd/2upC1M | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 11.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за јавен превоз на патници по железница со временска рамка 12.11.2026 – 17.11.2026 | https://is.gd/i7KxDd | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 11.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за интероперабилност во железничкиот систем со временска рамка 12.11.2026 – 17.11.2026 | https://is.gd/XofBrt | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 11.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Известување за почеток на процесот за подготовка на Предлог на закон за безбедност на железничкиот систем со временска рамка 12.11.2026 – 17.11.2026 | https://is.gd/T0FDLY | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 11.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Министерот за животна средина како дел од државната делегација предводена од претседателката присуствуваше на Светскиот лидерски самит во рамките на климатската конференција COP31 во Турција. | https://is.gd/H3oeuG | Управување со климатски промени | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Б Интегрирана дозвола | Регистар на Б Интегрирани Еколошки Дозволи евидентирана е Б-ИЕД за ДПТУ Баалкан Марбле Индустриес ДООЕЛ с. Вепрќани, издадена од Општина Прилеп | https://is.gd/t9uAAq | Воздух | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | Б Интегрирана дозвола | Регистар на Б Интегрирани Еколошки Дозволи евидентирана е Б-ИЕД заЕлектро Девет увоз-извоз ДОО Прилеп, издадена од Општина Прилеп | https://is.gd/t9uAAq | Воздух | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | Министерката за енергетика е дел од државната делегација на Северна Македонија на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, посветен на климатските промени и енергетската транзиција. | https://is.gd/uHqAv1 | Управување со климатски промени | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Министерство за енергетика рударство и минерални суровини | информација за јавност | На 25 ноември 2026 година во Скопје ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија, посветен на обновливите извори на енергија, енергетската безбедност и улогата на жените во енергетскиот сектор. | https://is.gd/REGFM3 | енергетска ефикасност | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Пробиштип | Одлука | Општина Пробиштип објави одлуки за верификација на членовите на Локалниот младински совет, статутарна одлука, усвојување на Акцискиот план за млади 2027–2028 и Локалната стратегија за млади 2025–2030 година. | https://is.gd/slvep9 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Сарај | Документ | Општина Сарај набавува надворешна експертиза и услуги во рамките на проектот BLUNEW – Мрежа за сина економија за одржливи иновации, кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg IPA ADRION. Краен рок за поднесување: 17 ноември 2026, | https://is.gd/IzIDy1 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Охрид | информација за јавност | Општина Охрид ја доби националната награда „Младински пријателски град“ за 2026 година за Југозападниот плански регион, во рамките на Четвртиот национален форум за младинска работа, одржан од 10 до 12 ноември во Охрид. | https://is.gd/iDQoOu | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | АД Медиумска информативна агенција во државна сопственост-Скопје | информација за јавност | На Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се одржува седмата студентска конференција на тема „Критични прашања во земјоделството и животната средина“, на која студенти од земјата и странство ги презентираат своите истражувања. | https://is.gd/RkZ7Ra | Земјоделство | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://is.gd/YwZwdO | Води | Не се идентификувани |
| 11.11.26 | Претседател на РСМ | информација за јавност | Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на климатскиот самит COP31 во Анталија ја истакна заложбата на Северна Македонија за намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 80% до 2035 година и постигнување климатска неутралност до 2050 година, со праведна енергетска транзиција и меѓународна финансиска поддршка. | https://is.gd/ctHHWy | Управување со климатски промени | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Берово | информација за јавност | Советот на Општина Берово на 13.11.2026 година, ќе ја одржи својата 20-та седница, на која ќе се разгледуваат повеќе точки на дневен ред. | https://is.gd/dqg6xn | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Гази Баба | информација за јавност | Во Општина Гази Баба се одржа четвртиот граѓански буџетски форум, на кој жителите ги споделија своите идеи, потреби и приоритети за Буџетот за 2027 година. | https://is.gd/CTqaOI | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Аеродром | информација за јавност | Советот на Општина Аеродром донесе одлуки за ослободување од комуналии за прв дом за млади до 40 години, парични награди за успешни ученици и усвојување Кодекс за одговорно и транспарентно работење на локалната самоуправа. | https://is.gd/qDdRQd | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Аеродром | информација за јавност | Општина Аеродром организира пет менторски сесии од 18 ноември до 7 декември 2026 година за граѓанските организации заинтересирани за учество на јавниот повик во рамките на програмата ReLOaD3. | https://is.gd/nKPAdE | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Кавадарци | Соопштение | Општина Кавадарци организира повторна јавна анкета за ДУП за УЕ 4, Блок 4.2 и УЕ 12, Блок 12.2 „Парк“, од 18 до 25 ноември 2026 година, со јавна презентација на 19 ноември во 13:00 часот. | https://is.gd/LNvlCt | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Кавадарци | информација за јавност | Во Кавадарци од 9 до 11 декември ќе се одржи хакатон за развој на иновативни решенија во екотуризмот, со пријавување до 25 ноември 2026 година. | https://is.gd/Y9zw3V | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Желино | Соопштение | Од 12 до 27 ноември 2026 година ќе трае јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.10 – преработувачки и производствени индустрии со помалку загадувачки процеси, на КП 1106/11 и КП 1106/12. | https://is.gd/xJ24Nx | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Кривогаштани | информација за јавност | Во Општина Кривогаштани започна изградбата на пречистителна станица за отпадни води за населените места Бела Црква и Воѓани. | https://is.gd/STtIa7 | Води | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство | информација за јавност | Преспанското Езеро е порибено со еден тон подмладок од крап, односно околу 7.000 млади единки, со цел обновување на рибниот фонд и зачувување на биодиверзитетот. | https://is.gd/gYWSPE | Води | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Чашка | информација за јавност | Пренос на 16та седница на Советот на општина Чашка во живо | https://is.gd/GvpV80 | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Чешиново-Облешево | Повик | ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови на Локален младински совет на Општина Чешиново-Облешево. Рокот за пријавување е 23.11.2026 | https://is.gd/dsvVlc | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | ЕНЕР | законски измени | Национална стратегија за туризам 2027-2032 со Акциски план и индикативен финансиски план за 2027 – 2029 | https://is.gd/G53f31 | администрација и управување | кратка временска рамка |
| 12.11.26 | Министерство за животна средина и просторно планирање | информација за јавност | Заменик-министерката за животна средина ја посети Општина Радовиш, каде што изврши увид во уредувањето на коритото на Ораовичка Река и разговараше за планираните водоводни и канализациски проекти. | https://is.gd/QDXIMe | Води | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Прилеп | Б Интегрирана дозвола | Општина Прилеп објави барање за издавање Б-интегрирана еколошка дозвола за ЕУРО МАРМО-ГРАНИТИ ДОО Прилеп, со можност за јавен увид во документацијата и доставување писмени коментари во рок од 30 дена од објавувањето. | https://is.gd/tcC06m | Воздух | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Собрание на РСМ | законски измени | 130. седница на Собранието. Предлог на одлука за избор на членови на Советот за граѓански надзор. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка. Предлог на закон за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, по скратена постапка. Предлог на автентично толкување на член 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичко планирање. | https://is.gd/bbuiXE | администрација и управување | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Струга | Решение | Oдобрен е Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела, К.О.Радожда со намена А4-времен престој, А4.7- традиционални куќи за потребите на туризмот (селски, планински, езерски) Општина Струга | https://is.gd/ENi4aT | Урбанистичко планирање | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Охрид | информација за јавност | Агенцијата за храна и ветеринарство забрани користење на водата за пиење од изворите во село Опеница, поради утврдена микробиолошка контаминација со E. coli и колиформни бактерии. | https://is.gd/4TDNbX | Води | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Национален парк Пелистер | информација за јавност | Националниот парк Пелистер беше домаќин на австриски експерти за шумарство, при што беше договорена научна соработка со Универзитетот BOKU од Виена за истражување на моликата и нејзиниот потенцијал за обновување и адаптација на шумите кон климатските промени. | https://is.gd/9kUmPV | Шумарство | Не се идентификувани |
| 12.11.26 | Водовод и канализација | информација за јавност | Дневни мониторинг активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење | https://is.gd/oxAtDA | Води | Не се идентификувани |
Maja Markoska
0