Events

Monitoring table 10/12/21
Табела со информации за следење
Во продолжение е табелата со најнови инфромации за процедури и постапки од областа на животна средина објавени од институции и локална самоуправа.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Богданци | https://bit.ly/3ycYe4g | СООПШТЕНИЕ за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Локална урбанистичка планска документација за Е2 – Комунална супраструктура (фотоволтаична електрична централа) на КП бр. 6170/1, КП бр. 6170/2, КП бр. 6166/1, КП бр. 6166/2, КП 6165, К.О. Стојаково, Општина Богданци | Јавната анкета ќе трае пет работни дена од 14.12.2021г. до 21.12.2021г., секој работен ден од 08 до 16 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планската документација можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на Локалната урбанистичка планска документација ќе се одржи на ден 14.12.2021 година во 12:00 часот во просториите на Салата на Совет на Општина Богданци. | Објавен е само синтезен дел/графички прилози. Не се објавени податоци за потребата од СОЖС. |
Гази Баба | https://bit.ly/31E9ISL | Неспроведување на Стратегиска оцена на животната средина за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за дел од КП 1542 КО Раштак, со намена А4.3 – викенд куќа, Општина Гази Баба, Скопје | Општина Гази Баба на веб страната има објавено: Одлука, Формулари за потреба од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена на животната средина и Достава на документите до МЖСПП. Одлуката и формуларите треба да стојат објавени на веб страната во рок од 15 дена. | Документите се подготвени на 18.11.2021, но на веб страната се објавени на 07.12.2021 |
Гази Баба | https://bit.ly/3oGGv24 | Неспроведување на стратегиска оцена на животната средина за Измена и дополна на Блок 1 и вонблоковско подрачје од УПВНМ спортско рекреативен центар – Гази Баба (КО Стајковци вон град, КО Црешево, Ко Старо Скопје), Општина Гази Баба, Скопје | Општина Гази Баба на веб страната има објавено: Одлука, Формулари за потреба од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена на животната средина и Достава на документите до МЖСПП. Одлуката и формуларите треба да стојат објавени на веб страната во рок од 15 дена. | Документите се подготвени на 26.11.2021, но на веб страната се објавени на 07.12.2021 |
Гевгелија | https://bit.ly/3ELcl38 | Јавна расправа по Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија | По усвојувањето од страна на Советот на Општина Гевгелија, Нацрт-Буџетот на Општина Гевгелија за 2022 година се наоѓа на јавна расправа. Во наредните две недели, граѓаните по електронски пат и во непосредни средби во Месните заедници и на јавни трибини, ќе можат да дадат предлози, сугестии и забелешки. На тој начин тие ќе се вклучат во дефинирањето на финансиската политика на Општината во наредната година. Нацрт-Буџетот е поставен на веб-страната на Општина Гевгелија, каде што истовремено ќе биде поставена и јавна анкета за предлози и забелешки по Нацрт-Буџетот. | |
Дојран | https://bit.ly/3rUhnXM | Јавен повик за предлагање на кандидати за членови на локален младински совет на Општина Дојран | Сите потребни документи и критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати се објавени на веб страната. Рокот за поднесување на пријави е 5 дена. | Рокот е многу краток |
ЕНЕР | https://bit.ly/3oDmj0Z | Известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за воздухопловство | Орган надлежен за подготовка на законот е Министерство за транспорт и врски. Временската рамка за изготвување на предлог законот: 07.12.2021 – 28.12.2021. Одговорно лице за контакт во министерството Љупчо Шемов, ljupco.shemov@mtc.gov.mk | |
Крушево | https://bit.ly/3EJZsGM | Известување за достапност на документ – Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани | Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Крушево https://krusevo.gov.mk/mk на 09.12.2021 и Општина Кривогаштани Кривогаштани – Единица на локална самоуправа (krivogastani.com) на 09.12.2021. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Министерство за култура | https://bit.ly/3rZcLQd | Деветта седница на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион | Објавен е дневниот ред на Деветта седница на Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион. | |
Чашка | https://bit.ly/3oFzyy7 | Покана за работна средба | Општина Чашка во соработка со НВО Инфоцентар и АКТИВО Велес организира работна средба за здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка согласно проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“. На работната средба присутните ќе имаат можност да добијат информации за начинот на доделување на финансиски средства во 2022 година, согласно „Програмата за активностите на Општина Чашка во областа на спортот и здруженија на граѓани„. Средбата ќе се одржи на 10.12.2021 година( петок) во салата на Совет на Општина Чашка во 10:30 часот. | |
Штип | https://bit.ly/33mLAod | „Техноинвест“ ДОО – Барање за Б – интегрирана еколошка дозвола | Целокупната документација содржана во барањето ќе биде достапна за јавноста на веб страната во рок од 30 дена | |
Град Скопје | https://bit.ly/3EHXo1S | Во првите 82 дена Скопје ќе добие Еко совет, експерти ќе ги даваат најдобрите решенија, ќе се реализира и проектот кај Мавровка за намалување на хаосот | Нешто што прво ќе се реализира во првите 82 дена е градскиот Еко совет, место кое ќе ги обединува сите експерти, академската фела, луѓето кои треба да ги дадат најквалитетните решенија, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија додавајќи дека постојат многу решенија за сообраќајниот хаос, како и решавање на другите проблеми на скопјани. | |
Град Скопје | https://bit.ly/3IAlqhN | Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk | Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена, како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање. | |
Министерство за транспорт и врски | https://bit.ly/3DJktjB | Известување за достапност на документ – Реконструкција на општински пат – врска со Р1306 – село Врбовец – село Св.Митрани, Општина Крушево и Општина Кривогаштани | Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Крушево https://krusevo.gov.mk/mk на 09.12.2021 и Општина Кривогаштани Кривогаштани – Единица на локална самоуправа (krivogastani.com) на 09.12.2021. Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна. | |
Охрид | https://bit.ly/3GveHUh | Јавна расправа за нацрт програмите и нацрт буџетот за 2022 година | Советот на Општина Охрид на Седница одржана на 06.12 2021 година ги донесе Нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2022 година. Се отвора јавна расправа по однос на донесените нацрт документи. Се повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на Општина Охрид. Јавниот увид трае 15 дена почнувајќи од 07.12 2021 година. | |
Охрид | https://bit.ly/30eqtDh | Проектот на Општина Охрид: “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), објавува јавен повик насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на проектен асистент | Сите потребни документи и критериуми кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати се објавени на веб страната. Рокот за поднесување на пријави е до 23.12.2021. | |
Охрид | https://bit.ly/3Gw74wX | Јавен увид на стратегијата за млади на Општина Охрид | Од денес па се до 15.12.2021 година, со особено задоволство на јавен увид на јавноста ја ставаме изработената стратегија за млади на општина Охрид со цел засегнатите чинители да можат да дадат свои предлози, идеи, забелешки и видувања на истата. По завршувањето на јавната презентација, Стратегијата за млади на општина Охрид ќе биде доставена на усвојување од страна на Советот на општина Охрид. Вашите сугестии ги очекуваме на следниот е- маил: strategijazamladi@yahoo.com | |
Петровец | https://bit.ly/3rZdDnX | Изградба на објекти со намена Г4.1 | Одобрување на проектна програма за УП за дел од КП бр. 175, КО Петровец, за изградба на објекти со намена Г4.1 затворени складишта за индустриска стока | Не е објавена проектната програма |
Петровец | https://bit.ly/3pN6ZhC | Викенд куќи – А4.3 | Одобрување на проектна програма за УП вон опфат на урбанистички план со основна класа на намена Викенд куќи, А4.3 на КП 206/11 и 206/12, КО Бадар, Општина Петровец | Не е објавена проектната програма |
Петровец | https://bit.ly/3IDcWGE | Спортски терени на отворено – Д3.1 | Одобрување на проектна програма за УП вон опфат на урбанистички план за населено место Катланово, за формирање на градежна парцела со намена Д3.1 – спортски терени на отворено (терени за тенис и ракомет), КО Катланово, Општина Петровец | Не е објавена проектната програма |
Петровец | https://bit.ly/3yePBpT | Соопштение за јавноста | Се известуваат сите правни и физички лица, државната управа, научни и стручни организации на територија на општина Петровец, дека во рок од 15 дена може да доставуваат забелешки за Урбанистички проект за инфраструктура Новопланиран СН10(20)кV подземен кабелски вод од кабeлска спојница од извод на постоечка трафостаница ТС Петровец до кабелска спојница до столб во КО Петровец,Oпштина Петровец. | |
Струга | https://bit.ly/3pHoL61 | Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за градежно земјиште со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, на дел од к.п. 940/3 К.О. Мороишта во УЕ 12 (индустриска зона) дел од блок 30, општина Струга | Репение за одобрување и Проектна програма за изработка на Урбанистички проект за градежно земјиште со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, на дел од к.п. 940/3 К.О. Мороишта во УЕ 12 (индустриска зона) дел од блок 30, општина Струга | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3DUCuvv | Известување за намера за спроведување на проект | Известување за намера за спроведување на “Проект за реконструкција и адаптација на објекти во комплекс за производство на пилешко месо одгледувалиште на матични и родителски јата “Гиновци”, инкубаторска станица “Гиновци” и одгледувалиште за бројлери “Псача” |
Irina Glavinceska
0