Monitoring Table 17_21 09 2021
Табела со информации за следење
Во табелата се наоѓаат информации од областа на животната средина објавени од институции и општини.
Институција | УРЛ | Наслов | Опис | Забелешка |
---|---|---|---|---|
Охрид | https://bit.ly/3lHnvhf | Одложена јавната расправа по нацрт на законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата | Денешната Јавна расправа, кој што требаше да се одржи по Нацрт на Законот за прогласување на студенчишко блато за парк на природата не се одржа. Одложувањето на расправата го предложи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, односно предвидената расправа наместо on line да се реализира со физичко присуство на сите претставници од институциите и експертите надлежни за носењето на Законот. | |
Росоман | https://bit.ly/3CwO3Zf | Соопштение за јавен увид | Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички План за фотоволтаични електрани на КП 365/1 и КП 366 КО Паликура, ОПШТИНА РОСОМАН, Иницијатор –Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, | На веб страната има само наслов, не е објаеен документот, нити пак има информации кои се однесуваат на начинот на спроведување на јавен увид, јавна анкета и презентација |
Струга | https://bit.ly/3u05VJe | Се одобрува Планската програма за измена и дополна на дел од Генерален урбанистички план за Блок 30,северен дел од град Струга КО Мороишта Општина Струга, со тех број 17-01/21 август 2021 изработена од ЕВРО ДЕКОР доо Кочани | На веб страната се објавени решение за одобрување на планска програма, планска програма и Измена и дополна на Генерален урбанистички план за Блок 30, северен дел од град Струга, КО Мороишта, општина Струга. | Не се дадени информации за јавен увид, јавна анкета и презентација |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3kshmWX | Одржана Првата конститутивна седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество | На 15.9.2021 година Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество ја одржа Првата (конститутивна) седница. На оваа седница, Одделението за соработка со невладини организации ги информираше членовите на Советот за процесот на изработка на новата Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2021-2024, активностите на работната група и планираните следни чекори за консултација со граѓанските организации. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3ks2RSP | НУРЕДИНИ: Усвоени преостанатите закони од областа на управување со отпадот | На 50-та седница, Собранието на РСМ ги донесе останатите четири закони од областа на управување со отпадот: Закон за управување со отпадот, Закон за управување со пакување и отпад од пакување, Закон за управување со дополнителни текови на отпад и Закон за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Во текот на месец август, од страна на Собранието беа донесени Законот за управува со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори и Законот за електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. | |
Министерство за животна средина и просторно планирање | https://bit.ly/3hSPb1H | СООПШТЕНИЕ за прекинување на јавната расправа | Јавна расправа по нацрт Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата на 14.09.2021г. беше закажана да се одржи виртуелно преку ЗООМ платформата и хибридно во Салата на општина Охрид. Заради транспарентост во постапката и вклучување на локалното население беше обезбедена ре-продукција во живо на јавната расправа во општина Охрид со цел продолжување на транспарентно одвивање на процесот. За време на јавната расправа од група на граѓани сопственици на приватни имоти во Студенчишко Блато, преку овластен адвокатски застапник беше побарано одложување на јавната расправа поради неразјаснети прашања во врска со имотите во Студенчишко Блато. Истото барање беше доставено и по писмен пат за кое МЖСПП во најкус можен рок одговори. За време на јавната расправа Градоначалникот на Охрид како подносител на иницијативата за прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата побара да се прекине јавната расправа и наведе дека ќе организира состаноци со граѓаните на Охрид, сопственици на имоти во Студенчишко Блато заради усогласување во однос на користење на имотите во Студенчишко Блато, по што во друг тремин јавната расправа повторно би се закажала. | |
Тетово | https://bit.ly/3EB66zj | Jавен повик за учество во процесот на јавна консултација за документи поврзани со заштита на животна средина и социјални аспекти од спроведување на проектот “Набавка на подземни контејнери и специјално возило за третман на отпад од овие контејнери“ | Јавната консултација за Планот за управување со животната средина и социјалните работи за наведениот проект, ќе се одржи во: општина Тетово, на 06.09.2021 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот. Ве молиме да го најавите Вашето учество на долунаведената е-маил адреса. На веб страната е објавен и Планот за управување со животната средина | Известувањето за консултации со јавноста, јавниот повик и планот за управување со животна средина се објавени на веб страната на 13.09.2021, а јавната консултација и даумот за коментари од страна на јавноста е наведен 06.09.2021. Со ова не е остварено правото на учество на јавноста во донесување на одлуки. |
Брвеница | https://bit.ly/3lLOkAY | Проектна Програма | Проектна Програма за изработка на урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели на КП 699/2, 699/3 и дел од КП 683/4. КО Радиовце; со намена А1.5 - Станбени куќи во состав на селски стопански двор | |
Брвеница | https://bit.ly/3EFcRAn | Решение за одобрување на проектна програма | Одобрување на Проектна програма, за изработка на УП за вон опфат на урбанистички план за формирање градежни парцели на КП 699/2, 699/3 и дел од КП 683/4., КО Радиовце вон г.р., во општина Брвеница, со технички број 35/21, Изработена од „Пологпроект-про„ Доо Гостивар | |
ЕНЕР | https://bit.ly/3EE1CI7 | ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА | Анализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми.Сеуште не е воспоставена воедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон одредбите согласно кои јавниот орган треба да определи овластени лица за водење на управната постапка.Измените и дополнувањата се во насока на допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка,а опфатени се и запирањето на постапката, огласувањето на управен акт за ништовен и се вршат и номотехнички подобрувања на текстот.Предложените измени и дополнувања се во насока и на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација.Концептот е-Влада обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со бизнис секторот и со граѓаните. За целосно имплементирање на процесите за дигитализација, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи. | |
Виница | https://bit.ly/3AusMio | Соопштение за јавен увид за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за фотоволтаични електрани, на КП 1965, КП 1966, КП 1970 и дел од КП 1978, КO Блатец, Општина Виница | Објавено е само соопштение за увид, анкетен лист и графички приказ. Не е објавен текстуален дел. Наведено е дека јавниот увид ќе трае 15 дена, односно од 17.09.2021 до 01.10.2021. | |
Гевгелија | https://bit.ly/3CvDGF9 | Во завршна фаза е изработката на неколку Урбанистички планови за села | Во периодот 2017-2021 година донесени се урбанистички планови за село Моин и за село Милетково. Започнати се постапки и во завршна фаза е донесувањето на Урбанистички планови за селата Мрзенци, Негорци, Давидово, како и за Миравци. Во тек е постапката за изработка на Урбанистички план за Старо Конско, крај браната „Конско“, а во почетна фаза е изработката на Урбанистички план за село Ново Конско. Се очекува сите постапки околу донесувањето на наведените урбанистички планови да заврши до крајот на годината. | |
Пробиштип | https://bit.ly/2XCRfnD | Јавен повик за партиципативно тело | Јавниот повик за пријавување на заинтересирани лица за членување во Партиципативното тело на Општина Пробиштип од областа на урбанизмот. Повикот трае од 17.09-17.10.2021. | |
Карпош | https://bit.ly/3Axc7uo | Одлука и формулар за Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 05, Општина Карпош, Скопје | Од страна на Општина Карпош донесена е одлука за неспроведување на постапка за СОЖС за Нацрт Детален урбанистички план за Градска четврт З 04, Блок 05, Општина Карпош, Скопје. Одлуката и формуларот се објавени на веб страната и треба да стојат 15 дена (од 15.09-30.09), рок во кој јавноста и МЖСПП може да даде коментари. | |
Кочани | https://bit.ly/3tW4mvP | ЈАВЕН ПОВИК за прибирање предлози за креирање на програмите за активностите на Општина Кочани за 2022 година | Врз основа на законските одредби,а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година. Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават преку електронска пошта на адреса info@kocani.gov.mk (со назнака за јавен повик за предлог-проекти), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,најдоцна до 15 октомври 2021 година за развојните проекти ,а за финансирање на здруженија,невладини огранизации и друѓи,најдоцна до 15 ноември. | |
Кочани | https://bit.ly/3u0dI9z | Повторна јавна презентација и јавна анкета по Детален урбанистички план за градска четврт 5, Општина Кочани, плански период 2018-2023 | Повторна Јавна Анкета ќе се спроведе во периодот од 23.09.2021 год. до 06.10.2021 год. во кој рок заинтересираните физички и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и предлози на анкетни листови , во писмена форма, кои можат да ги подигнат во архивата во општинската зграда, од веб страната на Општина Кочани, или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Повторна Јавна Презентација ќе се одржи на ден 27.09.2021г. со почеток во 10.00 часот пред комлексот АСНОМ, Општина Кочани. | Не е објавен текстуален дел од ДУПот. |
Кочани | https://bit.ly/3zsATL1 | Планска програма за изработка на изменување и дополнување на урбанистички план за село Тркање, со разработка на блок 17, КО Тркање, Општина Кочани. | Не се дадени информации за јавен увид, односно јавна анкета и јавна презентација | |
Чешиново-Облешево | https://bit.ly/3lMMCz8 | Соопштение за јавен увид за урбанистички план за изградба на објект со намена Г2 | Јавниот увид и анкета траат 15 дена по обкавуваљњето, односно до 28.09.2021 | |
Чешиново-Облешево | https://bit.ly/3hS08AC | Барање за Б-Интегрирана еколошка дозвола | Барање за Б-Интегрирана еколошка дозвола, индустрија на минерали, бетонска база. 30 дена од објавувањето (14.10.2021) јавноста има право да достави коментари | |
Штип | https://bit.ly/3ktMsgU | Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план, за Г.МЗ-површински соларни и фотовол гаични електрани на КП 6р. 248/3, КО Доброшани Општина Штип | На веб страната има објавено одлука за неспроведување на постапка за СОЖС и мислење од МЖСПП дека ја прифаќа одлуката за неспроведување на СОЖС | |
Охрид | https://bit.ly/3CrQEUi | Седумте чинари од Охрид прогласени за природна реткост | На иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Северна Македонија ги прогласи седумте чинари од Охрид за природна реткост. | |
Пробиштип | https://bit.ly/3nNSPh0 | Решение за одобрување на ПП за УП за КП бр.1389 и 1390 | На веб страната е објавено решение и ажурирана геодетска подлога | |
Пробиштип | https://bit.ly/3ksl6rt | Решение за одобрување на ПП за УП за КП бр.1382-1 КО Добрево | На веб страната е објавено решение и ажурирана геодетска подлога | |
Одделение за соработка со невладините организации | https://bit.ly/3hPB5hy | Повторен јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации | Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, за претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации ги предложи: Данче Даниловска–Бајдевска од Фондација Отворено општество - Македонија, Лилјана Јоноски од Здружение Рурална Коалиција Куманово и Александар Кржаловски од Македонски центар за меѓународна соработка. Останатите пријавени кандидати не добија потребен број гласови од членовите на Советот, поради што Советот одлучи повторно да се објави Јавен повик за учество на два претставници на граѓанското општество во Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку електронска пошта на nvosorabotka@gs.gov.mkсо назнака „Пријава за РГ финансирање на ГО“најдоцна до 30 септември 2021 година. | |
Битола | https://bit.ly/3lKkbSr | ReLOaD2 – Официјален почеток на проект за партнерство меѓу општините и граѓанските организации | Започна втората фаза од реализацијата на проектот ReLOaD 2, чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации преку транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление. Планираните активности вклучуваат обуки за општинската администрација, финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, како и тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација. | |
Гази Баба | https://bit.ly/3kslCFV | Планска програма ДУП СИИ 07 Блок 05 | Објавени се решение за одобрување на планска програма и планска програма | |
Гевгелија | https://bit.ly/3tW58ZL | Продолжување и унапредување на соработката на Општината со граѓанските организации | Градењето партнерства меѓу локалните власти и граѓанското општество, засновано на транспарентен и развојно-ориентиран пристап, е главен предуслов за поголемо граѓанско учество во процесите на креирање и имплементација на локалните политики. Досегашното позитивно искуство во Општина Гевгелија потврдува дека зајакнатата соработка поомеѓу Општината и граѓанските организации го потикнува локалниот развој и го подобрува квалитетот на животот на локалните граѓани. | |
Министерство за информатичко општество и администрација | https://bit.ly/3zE3ayt | Регистрација за 4-от Дигитален Самит за Западен Балкан(WB6) во Подгорица | Од 11 до 13 октомври 2021 во Подгорица ќе се одржи четвртиот Дигитален Самит за земјите од Западен Балкан (WB6), на кој учесниците ќе имаат можност да разменат добри практики и достигнувања во процесот на дигитална трансформација, како и да ги дефинираат идните насоки на дејствување. Регистрацијата за учество на настанот, кој ќе се одржи во хибриден и онлајн формат, е отворена. Заинтересираните ќе можат да се пријават на линкот: https://bit.ly/DSWB_Registration. |